ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Државите од Дримскиот Басен во нова фаза на соработка

July 14, 2021 09:59
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преставници од земјите вклучени во проектот „Дримски Басен“ ја одржаа Осмата конференција, на која е направен осврт на целокупниот процес за соработка за управувањето со Дримскиот Басен и беа дискутирани чекорите што се предвидуваат за во иднина. На ссостанокот е потврдена заложбата на државите, но и на останатите заинтересирани субјекти за заедничко одржливо управување со ресурсот  и интегрирани напори за развој.

Проектот за управување со Дримскиот Басен промовира заедничко управување со споделените водни ресурси на прекуграничниот басен, вклучувајќи и развивање координативни механизми за управување со ресурсите на ниво на подбасени.

Преставниците на земјите од Дримскиот Басен и од меѓународните организации во регионот ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен, како и придонесот во спроведувањето на Дримскиот проект.

Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, потенцираше дека имајќи ги предвид целите на Стратешката акциска програма и предложените мерки, Северна Македонија силно поддржува можна нова фаза и нов проект за имплементација на Стратешката акциска проеграма за Дрим.

Герта Љубоња, генералниот директор на Албанската агенција за управување со водни ресурси посочи дека Албанија продолжува да биде посветена во работата за одржлив развој во Дримскиот Басен.

Генералниот секретар во грчкото Министерство за животна средина и енергија, Константинос Аравосис, од своја страна ја посочи важноста на координираното управување со Дримскиот Басен и го потенцираше значајниот напредок и реализираните достигнувања. Притоа, како пример ја посочи средбата на министерско ниво посветена на иницијативата за формирање заеднички тела за Преспанскиот басен, согласно Преспанскиот договор од 2000 година.

На состанокот одржан онлајн беа презентирани и постигнатите резутати во изминатите пет години во контекст на прекуграничната соработка преку активности поддржани од Дримскиот проект, како и перспективите за зајакнување на прекуграничната соработка, со отварање нови можности за решавање на заеднички идентфикуваните проблеми за заштита на уникатните хидролошки и биодиверзитетски вредности на Дримскиот Басен. Притоа е иницирана нова фаза низ која земјите од Дримскиот Басен ќе работат на имплементација на Стратешката акциска програма за Дрим.

Предизвиците со кој денес се соочува Дримскиот Басен, како дел од интегрираниот природен систем, се врзани со претерана експлоатација и загадување кои во комбинација со климатските промени ги слабее способностите на еко-системот за негово адаптирање и регенерирање.

извор: МИА

Next Post

Северна Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk