ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Во моментот не постојат посериозни индиции за зголемен мигрантски бран

July 14, 2021 11:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој момент не постојат посериозни индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантскиот бран, меѓутоа државата е подготвена да одговори на сите предизвици, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали сме подготвени за евентуален нов мигрантски бран со оглед на новонастанатата ситуација во Авганистан за која јавуваат светските медиуми.

Тој наведе дека во моментот нема зголемување на илегални обиди, генерално ако споредиме со претходните години, меѓутоа тоа не значи дека нема утре да се случи.

– Ние како држава сме подготвени и имаме два транзитни центри на територијата на Република Северна Македонија. Не остануваат и нема да остануваат мигранти, туку само транзитираа во моменти кога беше функционална Западнобалканската рута, е владиниот став што го повтори Спасовски, кој денеска заедно со претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска го посети граничниот премин Табановце во рамки на кампањата ,,Вози одморен“.

Според него, денес за Северна Македонија се зборува како држава што не е атрактивна за поминување на мигрантите низ оваа рута, заради тоа што постојат сериозни контроли.

– На стратешко ниво МВР е поставено со посебна оперативна обработка што е исклучиво во функција на намалување на илегалната миграција и трговија со луѓе и за тоа постојат показатели и податоци за разбиени организирани криминални групи. Во тој дел државата е добро поставена за да немаме каков било проблем од евентуално зголемување на мигрантскиот бран, изјави  министерот Спасовски.

Тој нагласи дека земјава е многу добро поставена во делот на заштита на државните граници. Многу е важно за справувањето со миграцијата, како и со другите глобални предизвици, рече Спасовски, да се изградат заеднички политики и ние тоа го правиме, учествуваме на сите регионални иницијативи и генерално соработуваме во креирањето на политиката и на ЕУ.

– Само преку заеднички мерки и политики можеме да се справиме, бидејќи нема држава која со сопствени мерки и политика може да дојде до резултати. Се надевам дека овој предизвик е сериозно согледан од секоја Влада и во регионот и во ЕУ и оти заендички ќе направиме се зад аго заштитиме целиот  регион, изјави министерот Спасовски.

извор: МИА

Next Post

На Кардиологија се применува минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk