ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На Кардиологија се применува минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите

July 14, 2021 11:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Клиниката за кардиологија кај сто пациенти е применета минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите и тоа е тренд секаде во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката.

Тој рече дека со директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков посетиле и поразговарале со неколку пациенти кај кои е аплицирана таа метода што интензивно се работи во изминатите три години.

Посочи дека денеска ги финализирале и последните разговори околу тоа што дополнително треба да се направи да се доопреми еден дел од Клиниката за кардиологија, за да се пружа уште подобра здравствена заштита во овој дел кај пациентите.

– Изминатиот период Клиниката доби голема количина на опрема – три ЕХО апарати, и тоа е нивна секојдневна рутина, респираторни машини што досега ги немаше, понатаму специјален мобилен ангиограф за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритми, нешто што е навистина врвна метода насекаде  во светот. Така што, колегите  кардиолози по којзнае кој пат сега покажуваат дека навистина се стручни и спремни на нашите пациенти да им пружаат врвна здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19. Центарот е спремен, сега дополнително опремен со сега дополнителната опрема, сите се надеваме дека нема да треба, можеме во кој било момент да биде активиран тука да се третираат пациенти, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката, Жан Зимбаков рече дека при примената на оваа метода кај пациентите со специјално дизајнирани жици се влегува со пункција односно боцкање на пулмоналната артерија и се внесува валвулата.

-Предноста е рана мобилизација на пациентите, кои следниот ден се враќаат во нормален ритам на живот. Се работи без општа анестезија, само со блага седација кај пациентите, нема потреба од отворање на градниот кош и се намалува ризикот од компликација, додаде д-р Зимбаков.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Досега поделени 30 илјади картички за патарините за српски државјани, ситуацијата со новозаразени во Тетово ескалира, „Има таков народ“ победник на изборите во Бугарија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk