ВМРО-ДПМНЕ не може никако да го предизвика интересот ниту на своите членови. Денеска организираа уште една пропадната дешавка, овојпат најавена како трибина за промоција на нивната кампања под наслов „Македонија за сите луѓе“ во Автокоманда.
Одвај триесетина луѓе се појавија на настанот.
„Уште еден дебакл на Мицкоски“, пишуваше во пораката која ја придружуваше оваа фотографија што ни ја испрати еден наш читател кој за себе тврди дека е разочаран член на ВМРО-ДПМНЕ.