Десет дена барам жена што знае да зготви летна чорба.
Нема.
Нема ни жени што знаат да перат со свински сапун и пирајки.
Има ли денеска жена што ќе му ги измие нозете на својот стопан?
Нема, нормално.
А жени што ќе раѓаат по седум-осум деца?
Јок.
Кога последен пат сте виделе жена да жнее и вода да носи в бардак, да мете пред двор, јуфки да сука, гоблени да везе, да биде од корист за семејството.
Никогаш.
Сите мислат само на себе.
Комунистите ги изнадворија и ги осебичнаа.
Жените прават македонските мажи да се позагрозени од китовите во Северниот Пацифик.
Така ли ќе го штитиме националниот идентитетот, македонската традиција, македонското семејство како основна клетка на животот во која жената е главниот хромозом на ропството?
Фејсбук објава на Бранко Тричковски