ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судиите поротниците сериозен проблем за Кривичен суд Скопје

July 15, 2021 15:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судијата Горан Бошевски, од Кривичниот суд Скопје, неодамна разрешен и суспендиран од Судскиот совет, постапувал по 28 предмети (два се веќе завршени) и истите се поставени во системот АКМИС за расподелување кај другите судиите од Секторот за организиран криминал, брифираат од Кривичниот суд Скопје. Додека судијата поротник Митко Сандев, освен во предметите Талир, Тендери, Титаник и Топлик учествувал и во пет други предмети.

Од 2013 година согласно систематизацијата на Кривичен суд предвидени се да работат 200 судии поротници, односно актуелно во Кривичниот суд Скопје имаа 54 активни поротници и шест поротници избрани на 14 јули, кои дополнително треба да почнат со работа. Во последниот оглас објавен од Кривичен суд Скопје, за судии поротници биле пријавени 15 судиите поротниците, од 50 колку што се барале, а седум од пријавените биле на возраст од 58 години.

– Дневницата е мала. На месечно ниво земат по 6000 денари, односно 500 денари од ден. Имаме различни ситуации со судиите поротниците. На сред судење во случајот „Ласкарци” судија поротоник го известил судијата на предметот дека ќе си оди и законот не предвидел механизам во ваква ситуација да му се наметне на поротник да остане. Има случај кога судија поротник си заминал во Германија, велат од Кривичен суд Скопје. Од таму признават дека пропаѓаат предмети поради нив и дека таа функцијаа не е мотивирачка.

– За предметите каде судијата поротник беше Митко Сандев, ќе биде назначен нов судија поротник. Дали предметите ќе почнат од почеток воопшто не зависи од судот, односно тоа зависи од странките во постапката. Постои можност судењата по овие предмети да не почнат по почеток, туку во едно рочиште формално да се читаат записниците, појаснуваат од Кривичен суд Скопје.

– Во ниту еден од овие предмети не постои опасност да застарат, односно најрано застарува за еден обвинет во 2024 година, за сите други застаруваат во 2053 година. Опасност за застарување нема, тие не пропаднаа, може да почнат од почеток, но може и да продолжаат таму каде што застанале, велат од Кривичен суд Скопје, од каде велат дека кај одредени обвинети како што се Никола Груевски, Миле Јанакиевски, кои се обвинети во повеќе предмети треба да се внимава да не се повреди правото на одбраната со закажување на чести судења.

Нова ситуација со која се соочуваа Кривичниот суд Скопје, е конкурсот објавен од Судскиот совет за четири слободни места за судии во Скопската апелација, на кој може да конкурираат и судиите кои веќе ги водат предметите на поранешното СЈО. За МИА од Кривичен суд Скопје, велат дека постојано има движење на судиите, тие напредуваат од прв до трет степен.

– Доброто е што во последно време имавме и избор на 5 судиите за Кривичен суд Скопје, тоа е доброто. Во минатото немавме избор, туку имаше само одлив на судии, напр

едуваа во Апелација. Постои можност Судскиот совет да ги остави да ги довршат предметите тука, покрај тоа што ќе бидат избрани за судии во Апелација, истакнуваат од Кривичен суд Скопје.

Годишно во Кривчниот суд Скопје, се судаат преку 100.000 предмети, од кои 70.000 предмети се нови. Согласно систематизацијата на овие предмети требат да работат 74 судии, меѓутоа моментално во кривичниот суд работат 44 судии.

– Работиме согласно капацитетот што го имаме. Судиите одбиваат да учествуваат како помошник, резервни судии во една постапка затоа што законот на крај при еваулација им ја намалува оценката. Потребни се измени на законот за да постапуваме и во овие ситуации, велат од Кривичен.

извор: МИА

Next Post

Мицкоски ќе донесел поевтина струја, а во негово време цената се зголеми 100 отсто и беше укината евтината тарифа

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk