ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Личната употреба на канабисот не е кривично дело, нов трговски центар во Ѓорче Петров, за прв пат стипендии и за докторанди

July 21, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Photo: Grav / Unsplash

Photo: Grav / Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба, брифираат од Влада.

Населбата Ѓорче Петров конечно ќе добие нов голем трговски центар, на локацијата каде што „Трансмет“ требаше да гради шопинг-мол, но по пропаѓањето на оваа компанија во стечај, недоизградената карабина со години го урнисуваше централното подрачје на општината.

Царовска: За прв пат воведуваме стипендии за докторанди во земјава, а ја враќаме и поддршката за постдипломците.

Ексклузивно на Фронтлајн, Лукароски со вести од настапите на нашите спортисти низ светот: Пласман на Лина Ѓорческа во третото коло на ITF турнирот во Грузија.

Бостон Динамикс, компанијата позната по својот високотехнолошки развој на роботи, неодамна создаде нова уметничка презентација, која вклучува 7 роботи кои танцуваат синхронизирано.

Јордан Камчев со возило на брзата помош утрово е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим и по стабилизирање на состојбата, тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Независниот синдикат на судска полиција: Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците.

После 59 дена штрајк со глад и пет дена штрајк со жед денеска е зачнат компромис помеѓу владата и мигрантите без документи кои штрајкуваат, тие штотуку најавија дека го суспендираат штрајкот.

Полскиот олимписки тим, по грешка, испрати повеќе пливачи за Игрите во Токио, па шестмина од нив само што пристигнаа во јапонската престолнина мораа да се вратат дома.

Ј. Ѓ.

Next Post

Превентивната кампања „Вози одговорно, вози одморен!” продолжи кај наплатната станица „Градско“

НАЈНОВО

ВИ

Церемонијата за затворање на ЗОИ 2026 ќе се одржи во Арена ди Верона

November 7, 2025
Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

ОН ги укинаа санкциите против Ахмед ал Шара, Сирија влегува во „нова ера“ пред посетата на Белата куќа

November 7, 2025
Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk