ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пендаровски се сретна со претставниците на Советот на странски инвеститори

September 17, 2019 13:30
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Пендаровски рече дека очекува кон средината на следниот месец да добиеме датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, потенцирајќи дека без луѓе од еснафските здруженија не треба да се оди на преговори во Брисел.

Наскоро, посочи претседателот Пендаровски, стануваме членка на НАТО, а тоа значи зголемување на довербата кај инвеститорите, затоа што на нас како држава ќе гледаат како предвидлива дестинација за вложување.

Според Претседателот, важно е да имаме правна држава и владеење на правото.

Во врска со актуелниот случај Рекет, претседателот Пендаровски посочи дека и оваа афера, како и сите други, треба да се решат до крај, без било какви влијанија на политиката и на бизнисот.

„Многу е битно правосудниот, судскиот и обвинителскиот систем да имаат соодветна, навремена и целосна реакција и тие предмети да не се влечкаат со години и години по судските коридори, за на крајот да заборавиме во која фаза се воопшто. А да не кажам дека во изминативе безмалку 30 години откако сме независна држава, немаме ниту еден висок политички функционер кој завршил во затвор за злоупотреби. Тоа не зборува добро за нас, меѓутоа се надевам дека сега, тоа што е почнато ќе продолжи со тоа темпо и во таа насока ќе се заврши до крај. И низ таа призма ќе не ценат нашите пријатели во Брисел кога ќе проценуваат, не само дали треба да отпочнеме преговори, зборувам и за делот потоа, кога ќе проценуваат дали ги исполнуваме сите барања од најтешкото поглавје во кое се преговара во однос на ЕУ, а тоа е поглавјето 23“, рече претседателот Пендаровски.

На средбата со Советот на странски инвеститори, претседателот Пендаровски рече дека при секоја посета надвор од државата, барањата на стопанствениците ќе бидат соодветно претставени.

Пендаровски побара од стопанствениците да бидат вклучени во секоја фаза од носењето на законски решенија од економската сфера, со цел да бидат донесени квалитетни закони.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk