Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денес ќе информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми, пренесе МЕТА.
Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија.
„Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и новинарската, медиумската и бизнис заедницата во државата. Целта на соработката со Стопанската комора е преку изработката на регистерот да се олесни пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди“, се вели во соопштението.
Се очекува регистарот на професионални онлајн медиуми да ѝ помогне и на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат наведените критериуми и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење.