ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пуерлизам, македонизам и кретенизам

August 8, 2021 16:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Уранопули е базен логор на трагачите по светиот грал на спасот. Тука купуваат икони и мојсиевски и исусовски стапови со кои се обидуваат да го шармираат спасението. Не им се тие инструменти за одбрана од змии, вморони и други животни опасности. И одат угоре кон Хиландар, Зографски и другите академии на Христос. Кај што зилотските  професори, ректори и декани им продаваат сирење, кашкавал, вино и екстра девичанско маслиново масло. И на сите им викаат дека спасот е во нив. Всушност, експедициите се по ум, не по спас. Односно по умот како спас.

Јас не отидов во планината над Уранопули.

Вашингтон беше мојот Атос.

Човек ќе ја прочита целата конгресна библиотека за да дојде до одговор на прашањето како питомата нација во која имал несреќа да се роди успеа во така краток рок така темелно да се кретенизира, кога, оп, таа ќе му ги прати своите амбасадори на добрата волја да му кажат:

„Стоко неписмена, сѐ живо и диво ќе ти ебеме, на колец ќе те наденеме!“

Океј за ебањето и за колецот, но за неписменоста, тоа ме поразува.

Колку библиотеки имаат прочитано Христијан и Александар, ако сум јас толку неписмен?

Со колку книги човек заслужувам кол у г’з?!

И уште колку треба да прочитам за да можам и јас некого да ебнам.

Како доказ дека и јас имам нешто прочитано.

Да добијам билет за јавната куќа на историјата.

Јас тој одговор на Македонија никогаш не сум го третирал како безбедносно  прашање, никогаш никого не сум пријавил и не сум барал заштита, но како социополитички и културолошки феномен ме интересира процесот во кој нацијата се претвора во глава, а национите, односно добар дел од граѓанството, во вошки.

Во глава што не сака да се флита, и вошки и гниди кои исто така ги одбиваат моите учени услуги, понеже никој не сака некој од страна да го поска.

Тоа им делува така мајмунски.

Главата почнува да мисли дека таа нема друга функција и смисла освен да биде носач на животите на вошките и гнидите. Во коперниканскиот пресврт на македонскиот живот во  смрт, тие ја претвораат својата паразитска улога во когнитивна способност и ја преземаат улогата на ментален перископ преку кој го гледаат и толкуваат светот и себе си. Со македонската глава која е тука само како подморница. Катица, Ванковска, Каракамишева, Кикифрики, Милчин, горското началство на вмро, сѐ се тоа угоени подводни гниди, како морски желки се нараснати, баш се убави.

Македонците се како Швајцарци кои со плетени корпи со ланч пакети и шарени чаршави со милка чоколади, одат во Церн да го бараат икс бозонот.

Со таа разлика што ние го откриваме нашиот бозон секоја секунда.

И сите сознанија ги објавуваме во научното списание Фејсбук.

Ставете ја темата за климатските промени како политика на северномакедонската влада и веднаш ќе добиете милион решенија.

Хахаха.

Пожарите и другите несреќи се инструменти на малограѓанската ментална, а можеби и физичка мастурбација.

Дркаџии на кои огнените јазици им се порниќи.

Колку е поголема несреќата, толку е поголема возбудата.

Болниот дел од општеството е опасно болен.

Има алиби во кои наоѓа утеха и завеси зад кои дрка.

Луда работа што полуда не може да биде.

Утеха ми пружа Јохан Хојзинга.

Кој уште во 1951 година нѐ има прочитано.

Да, да, да!

И нас денеска и целиот свет на времето.

Па, сепак, сме живи и, дури, одиме напред.

Можеби е ова слоумоушн, грчот на еволуцијата во кој од гасеницата се раѓа пеперутка.

Односно од Македонецот нормален човек.

Еве го неговото согледување.

Пуерлизам е цела низа дејности во кои денешниот човек, првенствено како член на една заедница во делување, изгледа како да се однесува според менталниот степен на пубертетот или раната младост. Најчесто тука се работи за навики кои ги условуваше или фаворизираше техниката на модерните духовни размени. Меѓу другите, потребата за банални разоноди во кои човекот станува лесно задоволен, но никогаш заситен, потребата за силни сензации, склоноста кон масовни паради. На едно психолошки подлабоко ниво, со тоа одеа клупскиот дух, жив, со целиот свој апарат видливи знакови за разликување, конвенционални гестови, повици за собирање со марширање во чекор итн. Низа црти со психолошки корени подлабоки од претходните и кои можат да се стават во категоријата пуерлизам, се отсуството на хумор, рефлекси условени со пароли преполни со омраза или љубов, припишување на зли намери на „исклучените“ од групата и крајно нетрпение кон нив, неизмерно претерување во фалењето или кудењето, приемчивост за секоја илузија која му ласка на самољубието или на свеста на групата. Извесен број на тие пуерилни црти, се сретнуваат веќе во најстарите периоди на цивилизацијата, каде обилно се претставени, но никогаш во тој масовен и брутален вид што го покажуваат во современиот јавен живот. Овде не е место за некоја опширна студија за причините и развојот на овој феномен на културата. Меѓу факторите кои придонесоа за тоа секако треба да се вбројат влезот на полуобразованата маса во духовниот развој, олабавеноста на моралните норми и преголемите можности за управување со масите кои ги создадоа техниката и организацијата. Духовната привлечност на младината, ослободени од уздите на воспитувањето, калапите и традицијата.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Од ковид компликации почина 29-годишна родилка, бебето е во инкубатор

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk