ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исмаили: Коректен говор на Пендаровски

Исмаили: Познаваме само сојузи со државите што во изминатите три децении ни помогнале

December 18, 2019 14:23
in Uncategorized, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на претседателот Стево Пендаровски беше коректен, изјави Реџаил Исмаили од ДУИ. Посочи две работи, што претседателот Пендаровски ги истакна – Законот за јазиците и за судството.

– Се повика на извештајот на Венецијанската комисија и ние како држава треба да градиме капацитети за спроведување на тој закон. Вие знаете како новинари дека е формирана Агенцијата за спроведување на законот, исто така пред еден месец го формиравме со закон и Инспекторатот за спроведување на истиот закон, така што да дозволиме и да создадеме услови за тие две институции да почнат да се градат со јаки капацитети и да почнат да работа, дури тогаш ќе видиме како се спроведува Законот за јазиците, рече Исмаили.

Упати апел до првите луѓе на сите институции во државата да ги бараат и да градат капацитети во нивните институции за да се спроведе Законот за јазиците.

– Не случајно ние рековме и претходно дека имаме селективно судство затоа што со децении немаше градени можеби добри капацитети за да имаме добро судство. Затоа во државата ни треба да се градат капацитети за да се спроведат законите, изјави Исмаили.

Околу застапеноста на етничките заедници кај претседателот на државата, Исмаили рече дека тие му укажале дека тој однос треба да биде рамноправен на тоа што ја отсликува нашата држава.

– Не зборуваме за индивидуи, туку за проценти кои се неопходни бидејќи се уставна категорија и тој процент на претставени Албанци кај претседателот на државата треба да биде максимум 25 отсто, изјави Исмаили.

Ние како ДУИ, подвлече Исмаили, познаваме само сојузи со државите што во изминатите три децении од нашето осамостојување ни пружиле помош во најлошите моменти.

– Тие сојузи се со САД и со ЕУ. Нашата цел е зачленување што побрзо во НАТО и во ЕУ, други сојузи освен овие што ги истакнав ние не познаваме. Во врска со комшиите ние секогаш се залагаме тој однос да биде фер и да биде во рамките на реципроцитет и пружање рака на соработка со нив, изјави пратеникот Реџаил Исмаили.

Next Post

Османи се надева на почеток на преговорите на пролет

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk