Откако порталот СДК.мк објави текст со наслов „Во кафеана во Дебар Маало нападнат директорот на ПОЦ Васко Кичевски, во групна тепачка со стакло повредени и гости“, а веста беше преземена и од неколку други портали, директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со објава на неговиот фејсбук профил демантира дека бил учесник во инцидентот.
Кичевски вели дека во текстот биле наведини неточни информации кои го рушат неговиот и угледот на претпријатието со кое управува.
– Би сакал најострого да ја демантирам оваа информација за било каква инволвираност од моја страна во вчерашиот инцидент кој се случи во ресторанот Дебар Мало, реагира Кичевски.
Тој нагласува дека за овој инцидент има и видео запис како доказ на кој, како што вели, јасно се гледа дека бил само сведок на немилиот настан.
„Сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Четворица за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели . За овој инцидент има и видео запис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан. Барам извинување од порталот СДК и корегирање на текстот бидејќи нити бев нападнат нити учествував во инцидентот. Инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена.“, се наведува во објавата од Кичевски.
Ј. Ѓ.