Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, информира агенцијата ТАСС, повикувајќи се на ТВ Ал-Арабија.
Најмладата добитничка на Нобелова награда, Малала Јусафзаи, преку својот твитер профил ги повикува глобалните и регионалните сили да интервенираат во Авганистан. Таа пишува дека во целосен шок гледаат како Талибанците ја преземаат контролата над Авганистан.
We watch in complete shock as Taliban takes control of Afghanistan. I am deeply worried about women, minorities and human rights advocates. Global, regional and local powers must call for an immediate ceasefire, provide urgent humanitarian aid and protect refugees and civilians.
— Malala (@Malala) August 15, 2021
Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека во Авганистан сè уште има околу 100 наши државјани, но засега сите се на безбедни локации.
Борис Џoнсон се очекува да побара Парламентот оваа недела да разговара заради влошената ситуација во Авганистан, јавија британски медиуми.
ВО ФРОНТ, пишува Бранко Тричковски: Глупоста нè ослободува од разумот. Глупоста што ја доживувам – и тоа сè посилно, на начин кој сè повеќе понижува, кој ме угнетува и ослабува – многу се осили.
Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот, рече премиерот Заев.
Економската активност во Технолошко развојните индустриски зони е во постојан раст, анализите на ТИРЗ покажуваат пораст на бројот на вработени и извозот во зоните, објавува на Фејсбук премиерот Заев.
Патниот правец Житоше – Кривогаштани, кој денеска го посетија Заев и Бочварски, се реконструира по повеќе од триесетина години со што се очекува да се подобри локалниот развој и условите за живот во овој дел од Пелагонија.
Поднесена е кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување шумски пожар во подрачјето на дебарско, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, објави фотографии од новиот изглед на внатрешноста на Универзалната сала во Скопје.
Загриженост изразуваат епидемиолозите во Грција за секојдневниот број нови случаи на Ковид-19, кој во изминатата седмица е над 3.000, но и за намалениот број вакцинирани, како и за веројатноста бројот на новозаразени дополнително да се зголеми по враќањето на граѓаните од летните одмори
Поранешниот напаѓач на Баерн и германската репрезентација Герд Милер почина денес на 75-годишна возраст, соопшти прес -службата на клубот од Минхен.
Ј. Ѓ.