Зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, стои ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Мицкоски да каже дали за него се убијци докторите и медицинскиот перонал што го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19?, прашува на денешната прес-конференција Петар Петковски од СДСМ.


Зошто Авганистанците на крајот не им пружија никаков отпор на Талибанците? (ВИДЕО) – опширен прилог за состојбата во Авганистан, преземен од хрватски Индекс.хр. Пред точно десет дена, Талибанците не контролираа ниту едно покраинско седиште во Авганистан. На 6 август, овие тврди исламистички милитанти, многу помалку вооружени и помалкубројни отколку редовната армија на меѓународно признаената авганистанска влада, го зазедоа првиот главен град на покраината Оранж во провинцијата Нимроз.
Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании „Дура аутомотив системс” и „Алмак“ одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев, на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава. Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.
Од први септември во образовниот систем за прв пат од страна на државата ќе бидат ангажирани 500 образовни асистенти што ќе обезбедат поддршка за учениците со попреченост вклучени во редовната настава. Спроведуваме ново системско решение – „образовна асистенција“ за градење на инклузивна клима во училниците, која подразбира еднакво право на образование за секое дете.
Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата, по препорака од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата.
В. Д.