Д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил метафорично го нарече вирусот ковид-19 снајперист, и порача дека оние „цивили“ кои не веруваат дека сме под „вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасило животот.
„СНАЈПЕРИСТОТ КОВИД-19
Вирусот е како најпрецизен снајперист.
Тивок, невидлив, подмолен.
Само вчера успеа да “рани” најмалку 999 луѓе и да “убие” 14.
А кога државата ни е преплавена со “снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.
И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа “ранети” од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит како нас “истренираните”.
А “цивилите” кои не веруваат дека сме под “вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека
ограниченото движење, можеби им го спасил животот.
Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.
А генерали, ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден !!!“ пишува во објавата на д-р Беќаровски.