ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Вакцинирани се 624.819 граѓани, ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, со Авганистан ќе владее врховен лидер

August 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.

Христијан Мицкоски ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници. Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори, пишува во соопштението на СДСМ.

За поздравување е брзиот и навремен пристап на Министерството за надворешни работи во лоцирањето, коордирањето и извлекувањето на македонските државјани кои се затекнаа од Авганистан, вели професор Марјан Ѓуровски.

После една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!

Заев по повод Светскиот ден на хуманитарноста – Наша обврска е да покажеме човечност и да го поддржиме авганистанските граѓани во одбраната на човековите права

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за отворање на училиштата за сите деца во септември.

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година.

Во понеделник, на 23 август 2021 година, Градот Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021), информираат од Град Скопје.

Првата жена пилот на Авганистанските воздушни сили, Нилофар Рахмани, предупреди да не се верува во талибанската пропаганда дека жените ќе имаат права, и вели дека всушност, Талибанците најмногу ќе ги повредат жените.

Најавите од изминатиот викенд дека во иднина Авганистан ќе биде исламски емират, од вчера полека ги добива своите контури, откако талибанците излегоа со ставот дека со земјата ќе управува Совет со кој ќе раководи лидерот на исламистичкото движење, Хаибатулах Ахунџада, како врховен водач, што ќе биде уредување многу слично на тоа кое  управуваше во годините на теророт, од 1996 до 2001 година.

Фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ во соработка со Музејот на современата уметност – Скопје со особено внимание дел од годишната фестивалска програма им ја посветува на децата и младите.

Ракометниот клуб Вардар 1961 денеска ќе го промовира новиот дрес со кој екипата ќе се натпреварува во сезоната 2021/2022.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Заев: Мицкоски треба да се обраќа кон сите заедници, инаку постојано ќе губи

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk