Протестот кој беше закажан за денес од страна на струмичките угостители, утрово се одложи, пишува Канал Вис.
Во известувањето од струмичките угостители стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците во Струмица, но и влезовите на градот.
Причината поради што се повлекоа и не останаа доследни на повикот за протест, не се јасни. Некои во телефонски разговор за Канал Вис посочиле дека еден по еден почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.
На Твитер извесен Астерикс, прашува дали е вистина дека баџанакот од Мицкоски се обидел да ги преземе протестите и да ги направи партиски, па затоа нема протести денеска во Струмица.