Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан, брифираат владини извори.
Испраќаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка која спасува живот. Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција, велат од Владата.
Нагласуваат дека МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.
Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демкоратијата во Авганистан, порачуваат од Владата.