Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Инвестирајте во младите, покажете им дека имаат можности дома, порача Коен Давидс, извршен директор на Светска банка на првиот ден од Меѓународниот економско-финансиски форум што се одржува во Скопје во организација на Министерството за финансии.
Шилегов не верува дека негови поддржувачи би гласале за Арсовска, но е уверен дека многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за Петре Шилегов
Земјоделците не се сами во својата борба за пласман, профит, модернизација, развој и унапредување на проивзводството, истакна министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вечерва во Битола.
Поголемо закрепнување на економијата од последиците на пандемијата со КОВИД-19 имаа оние земји каде што имаше поголема вакцинација и каде беа развиени системите за е-трговија, порачаа претставниците на ММФ и Светска банка на денешниот панел „Макроекономските политики и јавните финансии во време на постпандемискиот период“ на Меѓународниот eкономско – финансиски форум (СЕФФ) во Скопје и додадоа дека треба да се најдат попроникливи и покреативни интервенции во економијата.
Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 7.9.2021 година (вторник), почнувајќи од 11:00 часот ќе има посебен режим на сообраќај на повеќе улици.
В.Д