Величина од човек. Македонија немала подобар министер за здравство од Венко Филипче!
Тоа го говорат фактите и колку и да пробува некој да го минимизира неговиот придонес во средувањето на хаосот во здравството, аргументите и делата ќе го побијат! 2 години од функцијата му поминаа во менаџирање светска пандемија, а паралелно не престана да го вреднува трудот на неговите колеги така како што треба и така како што навистина заслужуваат!
- Ги зголеми платите на здравствените работници;
- Воведе суштински реформи;
- Го укина паралелниот увоз на лекови меѓу кои инсулинот како најштетен;
- Ги направи сите лекови на рецепт достапни за граѓаните секој ден од месецот, а не само до 3ти, па кој немал “среќа” да си плати приватно;
- Ја подигна свеста за донирање органи со што се спасија животи и сведочевме на врвни трансплантации;
- Во негов мандат набавени се најсовремени медицински апарати за олеснување на работата на лекарите и реконструирани од темел се десетици здравствени објекти, операциони сали, кои претходно пропаѓале повеќе од 20 години;
- 24/7 е достапен за новинарите, граѓаните, здравствените работници, покажувајќи огромна транспарентност за секој потег
- Ја зголеми вредноста на платените дежурства на лекарите;
- Одобри здравствено осигурување на приватните специјализанти;
- Набави терапија за сите пациенти со ретки болести
Венко е доблесен, човечен, професионалец, човек! Македонија има доктор и министер достапен еднакво за секого! НЕ за оставка, ДА за продолжување на професионалното водење на ресорот здравство.
Дритан Ф. Исмаили
Фејсбук