ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ангела Меркел: Вакцинирањето никогаш не било полесно!

September 12, 2021 16:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара од своите сограѓани да ја искористат неделната кампања за вакцинација против Ковид-19, во рамки на која жителите ќе можат да добијат бесплатна доза вакцина на местата каде се вршат богослужби, во спортски објекти, како и во јавниот превоз, пренесува МИА. 

Стравувајќи дека стапката на вакцинација во земјата, која моментално е околу 62 проценти, нема да биде доволна за да се спречи зимскиот бран на инфекција со Ковид, особено поради доминантната Делта варијанта, Владата одлучи да ја поттикне вакцинацијата за сите оние кои досега се двоумеа.

„Никогаш досега не било полесно да се вакцинира и никогаш не било можно тоа да се направи побрзо“, рече Меркел во нејзиниот неделен подкаст, додавајќи дека на германските граѓани во понеделник ќе им биде дадена доза од вакцината, која ќе можат да ја добијат без претходна најава на местата каде се вршат богослужби, спортски објекти и во јавниот превоз.

Меркел истакна дека досега 66 проценти од населението ја примило првата доза на вакцината, а 62 проценти се целосно вакцинирани, сепак, бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус е во пораст, а повеќето хоспитализирани се невакцинирани.

„За да ја пребродиме претстојната есен и зима, треба да убедиме повеќе луѓе да се вакцинираат. Ве молам: заштитете се себеси и другите. Вакцинирајте се”, им порача германската канцеларка на своите сограѓани.

Од почетокот на пандемијата, околу четири милиони луѓе во Германија се заразија со коронавирус, а повеќе од 90.000 починаа.

Next Post

Денес се регистрирани 464 нови случаи на Ковид 19 – пријавени се 23 починати лица.

Најново

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk