Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната прес-конференција истакна дека факт е оти оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати средно-дневни концентрации на ПМ 10 честичките, пренесе МИА.
Тој истакна дека координираната инспекција драстично ги намалила примерите на илегални палења.
– Во Скопје има повеќе зеленило, ослободени се дрва, поставени се зелени бариери меѓу пешаците и велоспиедистите и возилата. Има нови паркови и зелени кровови. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи. Македонија е шампион во реформи во енергетска политика. Го намаливме ДДВ за парно греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење. Комплементарен придонес се и мерките во планот за чист воздух – прв стратешки документ донесен од Владата, која директно се справува со изворите на загадување со сопствени буџетски средства, нагласи Макрадули.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на греењето во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, тој изрази очекување дека до крајот на грејната сезона ќе профункционира.
– Се сложувам дека од административно-бирократски процедури доцниме со реализацијата на поставувањето на инвертори во студентскиот дом „Кузман“. Средствата се префрлени уште во септември. За жал од објективни, субејктивни причини не успеавме тоа да го започнеме. Обрска ни е на студентите да им е топло и затоа за жал се влезе во одборување на средства за мазут, но ве уверувам, тврдам, дека до крајот на грејната сезона тоа ќе биде реализирано, нагласи заменик-министерот за животна средина.