ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Заев и Курти со порака за стабилност и просперитет на регионот, Навистина сме Балкан на 21 век, Yon Idy со нов сингл

September 16, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Преку дијалог и разговор заедно, можеме да бидеме повеќе од помош, отколку како во минатото пред 10-15 години, кога лидерите беа поодалечени. Навистина сме Балкан на 21 век, Балкан кој што е Европа и верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев.

Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион, констатираа премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Албин Курти по заедничката меѓувладина седница.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја почна работната посета на САД. Таа порача дека посетата ќе ја искористи да ги пренесе пораките кои се важни за Северна Македонија и уште еднаш да се потврди интензивното, стратешко партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

АХА од Рибаро. Села побара извинување и од Сталоне, Шварценегер, Том Круз и Чак Норис.

Николовски на средба со австриската министерка за правда Задиќ: Северна Македонија има голем исчекор во исполнување на стратешките цели

Од октомври и во градот Брисел ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележаност или негативен ПЦР тест за да се влезе на јавни места и собири.

Преку Проект за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“ на сто објекти од културно значење и историска важност во Охрид се поставени современи информативни табли со QR код.

Кантавторот Yon Idy се враќа со најновиот сингл „My Fire“ кој го истражува сомнежот што секој од нас го носи во себе додека ги следиме сопствените страсти.

Државната изборна комисија денеска го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени вчера од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Со 110 км велопатеки и 12.000 нови велосипеди, Скопје е подготвено за европската недела на мобилност. Градоначлникот Шилегов ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2021, со што и официјално започна ЕНМ 2021, под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“.

Претставата „Соѕвездија“ утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на Националната установа Центар за култура „ Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

МВР: Пронајдено е детето кое беше пријавено дека се изгубило во Дебар Маало во Скопје

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk