ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Косово, текот на пописот со очекуваното темпо, 557 нови случаи на Ковид-19

September 16, 2021 21:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Текот на пописот е во рамките на она што го очекувавме, па дури и со темпо кое што мислиме дека е подобро од очекуваното. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во „Утрински брифинг“.

Отворен Балкан не е игра на Србија. Отворен Балкан не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија. Избрзана е одлуката на Приштина, Отворен Балкан не е „српска игра“, туку „пород на Берлинскиот процес“, истакнува Еди Рама.

Според последниот извештај на Европската комисија, Албанија, Полска и Естонија во 2020 година се со највисок процент на смртност од Ковид-19 во Европа, јавуваат албански медиуми.

Преку Проект за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“ на сто објекти од културно значење и историска важност во Охрид се поставени современи информативни табли со QR код.

РИБАРО во АХА: Села побара извинување и од Сталоне, Шварценегер, Том Круз и Чак Норис.

Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион, констатираа премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Албин Курти по заедничката меѓувладина седница.

Верувам дека преку дијалог и разговор заедно, можеме да бидеме повеќе од помош, отколку како во минатото пред 10-15 години, кога лидерите беа поодалечени. Навистина сме Балкан на 21 век, Балкан кој што е Европа и верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска од САД порача дека посетата ќе ја искористи да ги пренесе пораките кои се важни за Северна Македонија и уште еднаш да се потврди интензивното, стратешко партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

Премиерот Зоран Заев не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

Денеска од направени 3.885 тестирање се регистрирани 557 нови случаи на Ковид 19, починати се 28 лица. Регистрирани сe 572 оздравени пациенти

Надлежните здравствени власти укажуваат дека ковид вирусот моментно има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки. Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците.

Претставата „Соѕвездија“ утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на Националната установа Центар за култура „ Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Со 110 км велопатеки и 12.000 нови велосипеди, Скопје е подготвено за европската недела на мобилност. Градоначлникот Шилегов ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2021, со што и официјално започна ЕНМ 2021, под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“.

Кантавторот Yon Idy се враќа со најновиот сингл „My Fire“ кој го истражува сомнежот што секој од нас го носи во себе додека ги следиме сопствените страсти.

ФИФА денеска соопшти дека резултатите од спроведено испитување на јавното мислење покажуваат дека мнозинство фудбалски навивачи ја поддржуваат идејата светските првенства да се организираат на секои две години.

Пронајдено е детето кое денеска попладне беше пријавено дека се изгубило во Дербар Маало во Скопје.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

May 16, 2025

Обдукцискиот наод за пациентот Ведат Адеми доставен до кумановското Обвинителство

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk