ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Историски и емотивни моменти на дебатата за независност, до утре милион попишани, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани

September 17, 2021 21:06
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Историски и емотивни моменти на дебатата за независност – Заев ги одложи состаноците, побара настанот да трае колку што е потребно.

Трибина „Патот на независноста“: Зедништвото и единственоста кои постоеја кога се прогласуваше независност не може да се купат со пари. Желбата за независна и самостојна Македонија беше на пиедесталот и беше нишка која ги поврзуваше сите партии и политички активистите во почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

Фрчкоски: Политичките елити одиграа најважна улога непосредно по прогласувањето на независноста.

До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

ВО ФРОНТ Џабир Дерала: Храбриот витез кој „хируршки прецизно“ ќе ги отстрани владата и институциите. Мицкоски живее во некој свој свет, во својот замок опкружен со ламји со седум глави и огнени јазици, придружени од опасни и зли сеништа.

РЕНДГЕН: Код

На кандидатската листа на Левица во Совет во Општина Охрид, од 23 кандидати, шест биле брачни парови.

Што е полудо кај Левица, прашува активистот Павле Богоевски

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19.

Во денешната ковид статистика на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека ќе биде заведено две годишното дете кое почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година, а врз малиот пациент биле направени повеќе операции. Детето имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

Заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.

Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања за неопходноста од модуларните болници.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во домот на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Во Битола започна 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

 

1 of 13
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата.

Вчеравечер пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија. По пристигнувањето, 30.000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

J. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

May 16, 2025

Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец

May 16, 2025

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk