ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини-Матуела: Брисел ги препознава напорите на државата и посветеноста кон зелената агенда на ЕУ

September 21, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насерт Нуредини оствари работна средба со ново назначениот вршител на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Фокусот на разговорите беше на подготвеноста на државата за процесот на преговори за влез во Европската Унија, конкретно за Поглавјето 27 – животна средина и клима, при што директорката Матуела истакна дека Брисел ги препознава напорите на државата и посветеноста за постигнување на европските вредности.

Министерот Нуредини информираше за активностите што Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно ги спроведува во изминатиот период и тоа во неколку сегменти значајни за остварување на европската зелена агенда.

„Во однос на законската регулатива што ја уредува областа животна средина, во последната година вложивме многу напори и таа е сѐ поблиска до европската, со што нашата обврска во тој дел се исполнува“ истакна министерот Нуредини.

На средбата се разговараше за реализацијата на големите инфраструктурни проекти и искористености на достапните финансиски средства од од ИПА II програмата. Министерот информираше за напредокот на реформите во секторот води, како и за проектите за изградба на пречистителни станици за општините Кичево, Битола и Тетово, за  колекторскиот ситем за Град Скопје, како и за напредокот во воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Севроисточниот Регион. Стана збор и за проектирање на ИПА 3 Програмата, но и за предизвиците со кои се соочува Министерството не само во процесот на искористување на европските средства наменети за поддршка на државите во предпристапниот период, туку и во целосното имплементирање на започнатите проекти. Министерот Нуредини истакна дека во изминатата година доста се работеше во надминување на слабостите и во изнаоѓање на решенија преку зајакнување на административните капацитети и доекипирање на стручните служби.

Покрај другото, Нуредини нагласи дека сме отидени чекор понапред и пристапивме кон користење на други дополнителни финансиски средства преку користење на отоворени кредитни линии, што покажува дека како држава веќе сме подготвени сами да инвенстираме во животната средина и во подобрување на квалитетот на нашите граѓани.

Next Post

Османи: Разговорите со Бугарија продолжуваат и без политичка влада во Софија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk