ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Што ќе донесе новиот закон за потекло на имот, голем исчекор околу мирот во земјава, се повеќе и повеќе попишани граѓани

September 22, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за потекло на имот нема да се однесува само на функционерите, туку и на сите граѓани поради малверзациите кои што ги прават функционерите. Медиумите се подготвени на се, само да добијат повеќе кликови, лажните вести и дезинформациите доминираат. Уште не е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ одбиваат недела да е неработен ден. Како ковид-19 влијае на малите деца?

ПОЛИТИКА, ПАРТИИ, ПОПИС И ЕКОНОМИЈА

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.

Клик-бејт наслов прикрива дека поранешен, а не актуелен амбасадор бара оставка од Заев. Ваквиот наслов, освен што е сензационалистички, тој е и манипулативен за читателите, затоа што кога ќе кликнат на текстот ќе сфатат дека се измамени и дека не станува збор за актуелен амбасадор, туку за Арсим Зеколи, поранешен амбасадор кој таа дипломатска функција ја извршувал пред многу години, пишува Вистиномер.

Според истражувањето на Институтот за економија и мир, Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување во состојбата за мир на „Глобалниот индекс за мир“ во 2021 година, со 5,2 проценти подобрување на нејзиниот резултат. Земјата, како што стои во извештајот, се искачи за 11 места на ранг -листата на Глобалниот индекс за мир и сега е рангирана на 40. место.

Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани, истакна премиерот Заев.

Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека во иднина ќе бидеме транзит за гас за другите земји.

ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден, обвинуваат од СДСМ. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, се вели во партиската реакција.

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство.

Попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.

ФРОНТ 

Има разлика: Заев фрла ѓуле, Мицкоски вози стипл-чез…Бидејќи Заев има долга, тешко стекната раководна партиско-државна историја и во опозиција и на власт… Мицкоски само долго има голема желба да дојде на власт. Искуствата им се потполно различни, посебно чувството за одговорност и „тежината“ од носењето тешки државнички одлуки – Заев е веќе влезен во македонската историја, додека Мицкоски „од клупата“ редовно се загрева покрај теренот и повремено вика „Уа судија!“….пишува колумнистот Сашо Орданоски.

ПАНДЕМИЈА

Д-р Софијанова: Ковид 19 кај деца, од асимптоматска болест до мултисистемско засегање. Во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна проф. д-р Софијанова.

Во моментов имаме доволно вакцини против Ковид-19 за престојниот период. Националниот комитет за имунизација ги следи сите истражувања за новите вакцини меѓу кои е и вакцината на француската компанија „Санофи“, информираа од Министерството за здравство.

Почетокот на новата академска година ги поттикна студентите да се вакцинираат во голем број. На пунктот на УКИМ, се вакцинираа 70 студенти во последните две недели. Во секој работен ден од 8 до 14 часот, покрај за студенти, отворен е и за сите со намера да се вакцинираат. Може да избираат меѓу „Фајзер“ и „Синовак“.

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот. До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

РЕПУБЛИКА И СВЕТ

Голем број граѓани на велосипеди се вклучија во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили – 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021. Дефилето во кое учествуваше и градоначалникот Петре Шилегов тргна од паркот „Ибни Пајко“ и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг.

Талибанците сакаат да зборуваат за Авганистан на Генералното собрание на ОН. Секретаријатот на ОН го проследи писмото до соодветната комисија за разгледување. Првично не беше јасно кој ќе зборува во име на Авганистан на дебатата, која ќе трае до следниот понеделник.

МОДА

Со доаѓањето на есента, доаѓаат и нови модни трендови за жени. Не постои жена што не ужива во есента, а гардеробата да не е дел од тоа. Удобни џемпери, фармерки, чизмички и една шолја чај… звучи совршено, зарем не? Ако ова не е доволна причина да се вложи во нова гардероба, не знам друго што е. Воуг ни го прикажува клучниот водич за модните трендови кои што ќе ја одбележат оваа есен, со кои секоја жена ќе изгледа добро од Париз, до Њу Јорк.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk