пишува: РИБАРО
Извори од белата палата на вмровците, за АХА, јавуваат за телефонски разговор помеѓу Мицкоски и Груевски, два дена после официјалната посета на Мицко кај Грујо во Будимпешта.
Мицко: Ало, шефе?!
Грујо: Што е сега Мицко, пак ти се иде во Будимпешта? Нели се видовме пред некој ден, ти организирав и фото сесија со Орбан, иако и нему си му преку глава и го ругаат што едно-две ете си тука. Туку ми досаѓаш а триста работи имам со недвижнини и чуда, шо кај вас таму, шо тука ва Пешта.
Мицко: Извини. Сакав само да прашам за Арсовска?
Грујо: А, што да прашаш за неа, нели ти реков – мој човек е таа? Што треба друго да знаеш?
Мицко: Некако само молчи и се смешка, не ја бива баш, ќе го кркаме во Скопје.
Грујо: Што има да ја бива или не, за тоа и ја ставаме, да се смешка. Нека прави гужва, бар како појава е поарна од бабана твоја што ја намести минатиот пат. Колку да не се избрукаме дека немаме кандидат за Скопје. Како што знаеш и ти, Шилегов да не беа она независнине кандидати имаше да нè исфура уште во прв круг.
Мицко: Знам. А, со резултатите од пописот како ќе се однесувам, ако излезат такви како што навистина и се? Народов се попишува, не успеа ни блефот со бојкот шо го договаравме со Апасиев, за тие да го тераат, а ние да глумиме као конструктивни?
Грујо: Па нема да ги признаваш. Ќе мумлаш, како што само ти знаеш, па методот, па пристапот, па реалната состојба… А и да ги признаеш, секако здраво сме наебале, нема фајде.
Мицко: Ама нели со Алијанса сме во коалиција?
Грујо: Како што ти кажав – коалицијата е од немај-каде. А бе, Села е тоа, тој кога можеше да премижи што го прекршивме од ќотек на 27-ми, па сега за пописот, голема работа.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK