Во последните 24 часа од направени 3.425 тестирања регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравеле 222 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Од новите 336 случаи од Скопје се 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.
Од 17-те починати лица, по пет се од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), две починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Од 222 оздравени пациенти, од Скопје се 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.
Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–51, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–311, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-176, Биотек-175, Систина-63, лабораторија Лаор-199, Синлаб-12, Ремедика-0, Плодност–46, Генеа-5, Никоб лаб-384, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-49, Ројал Медика –25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.413.
Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337