ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Сè е јавно, корупцијата не се исплати, смета Заев, Камиказа би гласал за Шилегов, што мисли Левица за тоа?

September 29, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
newspaper.mk

newspaper.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за градоначалници да нù ги допрат срцата со своите визии, не џебовите….Сега се е јавно, корупцијата не се исплати, смета премиерот Заев. Перо Камиказа, доколку тој не е кандидат за градоначалник на Скопје, би гласал за Петре Шилегов…Што мисли Левица која го подджува? Пописот при крај….И многу други содржини во пладневниот преглед на актуелности кој за Вас го подготви Фронтлајн.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Градоначалничките визии треба да ни ги допрат и срцата, а не само џебовите… Некои седнале и нешто прочепкале по интернет, други главно се информираат од кафеанските маси каде што им заседаваат изборните „штабови“, а има и такви кои не ни кријат дека изборите им се шанса да ги прошетаат своите ега по телевизиите и маалските сокаци, пред да почнат посериозните есенски дождови откако заврши летното цветање на тиквите… ќе прочитате во најновата колумна на Сашо Орданоски.

Ковид

Tsocho Peev

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Османи: Ние заслужуваме да сме дел од ЕУ, а членство не следува по дифолт. Ние веќе имаме беспрекорна трговска унија со ЕУ, речиси 100 % ни се усогласени надворешните политики, имаме безвизен режим, имаме милијарди средства кои ни се дадени на располагање од ЕУ“, рече Османи.

Камиказа би гласал за Шилегов, Левица на апарати. Во дебатата на кандидатите за градоначалник на Град Скопје, организирана од „Телевизија 24“, кандидатите, покрај многубројните прашања, одговараа и на прашањате „за кого би гласале, ако Вие не сте канидат?“. На ова прашање, Перо Георгиевски – Камиказа, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, одговори „За Шилегов“.

Заев: Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно, корупцијата не се исплати.  Северна Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми. Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата на со освоени 62% од поставените критериуми. Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата, стои во неговиот статус.

Зоран Заев

Заев: За 4 години реализиравме над 2.000 проекти само во Скопје и скопските општини. Тој потенцираше дека како никогаш досега претходно не се инвестирало толку многу во проекти важни за локалниот развој важни за граѓаните, како што тоа го прават централната и локална власт во овие изминати четири години.

Фрчкоски за Милошоски: Процедурата во Собранието ја претвори во пазар. Ова е една странична необврзна процедура во Собранието. Таа и без неа може, но истовремено се претвори во еден пазар, поради политичките блокади на опозицијата и на лицето што ја води комисијата, рече Фрчкоски.

Илиевски за Димитриевски: Ние соработуваме со сите министри, а тој не може со ниту еден. Како може ние да имаме одлична соработка со сите министри, а само тој не може со ниту еден. Баш би сакал да знам кој е тој министер што кажал така и не сакал да го реши проблемот“, кажа Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.

ПОПИС И ПАНДЕМИЈА

Пописот во завршна фаза, засега нема формален предлог за продолжување. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера порача дека нема пречка да се свика итна седница за продолжување на пописот, но треба да се достави предлог од Владата или група пратеници.

МИА

Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

МЗ: Ревакцинирани 43,5% од полнолетните граѓани во државата.  Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

СВЕТ

Ковид-19: Во светот над 4,7 милиони мртви, очекуваниот животен век намален за 10 години. По повеќе од 20 месеци пандемија, во светот досега од Ковид-19 починаа повеќе од 4,7 милиони луѓе (4.788,874), додека над 200 милиони (232.931,655) се заразиле, од кои 90 отсто. Активни се над 18,5 милиони случаи, од кои над 92.000 се однесуваат на пациенти кои се во тешка здравствена состојба. Од последици на Ковид-19 досега починаа околу 2,04 отсто од сите регистрирани случаи.

И. Т. З. 
Next Post

Со нож убиен полицаец во Велес, приведена партнерката со којашто живеел

НАЈНОВО

Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025
Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk