ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов пред граѓаните на Општина Ѓорче Петров: За нас секој човек е важен, секоја општина е важна

October 1, 2021 20:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски вечерва остварија маалски средби со граѓаните од оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Ѓорче Петров, Илија Спасовски.

 

– Во Ѓорче Петров и во цело Скопје победува Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ затоа што имаме најдобри проекти, најдобра понуда, и најдобар степен на реализација. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов. Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Ѓорче Петров како и во другите скопски општини се вложува во важни капитални проекти.

 

– Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, а реконструкцијата на улицата Лука Геров завршува до крајот на годината. Ги расчистуваме диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров, посочи Шилегов.

 

– Инвестираме над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин која ја започнавме годинава. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

 

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници.

 

– По изградбата на БРТ системот за брз автобуски превоз од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе се стигнува за околу 25 минути. Реконструкцијата на мостот Обединети Нации, новиот мост на Љубљанска продолжувањето и клучката на бул. Словенија, како и затворањето на северниот магистрален прстен иако не се територијата на Ѓорче, во голема мера ќе го олесни движењето на жителите на Ѓорче кон другите скопски населби, најави Шилегов.

 

-Ревитализацијата на запоставени железнички станици во Ѓорче Петров, Волково, Скопје- Север, Транспортен центар, Маџари и Драчево ќе овозможат интегрирање на железницата во Скопје со јавниот градски превоз, додаде Шилегов.

– Скопје е град за сите и секоја населба е подеднакво важна, без разлика на нејзината оддалеченост од центарот на градот. Работиме на развој на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот во сите скопски општини и заради тоа е потребно да се одржи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство, за секоја населба и по изборите, нагласи Шилегов.

 

– Развојот на Скопје нема да запре, нема да назадува, затоа е важно да излеземе на изборите и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје, заклучи Шилегов.

 

Next Post
МИА

Преглед на денот: Пописот е успешен, бојкотот на Левица им се врати како бумеранг, Трајно политичко решение во регионот е заеднички интерес на НАТО и ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk