ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапка

December 24, 2019 09:38
in ПРАВДА

Основниот кривичен суд Скопје, по одржан колегиум на судии на 18.12.2019 година,  го објавува предлогот на судијата Владимир Туфегџиќ, прифатен од Претседателот на судот, за иницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапка.

Иницијативата, заедно со евентуланите забелешки и дополнувања од другите судии на Кривичниот суд ќе биде доставена до надлежноите институции. Со оваа иницијатива судиите на овој суд сакаат да придонесат за измени со кои доследно ќе се почитуваат правата на странките во постапката, ефикасност во постапувањето, еднаквост на оружјата и почитување на правото за судење во разумен рок.

Согласно чл. 371 ст. 2 од Законот за кривична постапка, во делот на продолжување на главната расправа, поради измена на составот на советот или судија поединец,  сегашното законско решение наметнува обврска советот да може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа доколку постои согласност на странките.

Имајќи го предвид погоре наведеното и досегашната судска пракса, во смисла на примена на законските одредби од ЗКП, а кои се однесуваат на повторен почеток на главна расправа во случај на измена на составот на судечкиот совет, сметам дека Основниот кривичен суд треба да поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за кривична постапка од причина што досегашната судска пракса покажала дека при промена на составот на судечкиот совет, продолжувањето на веќе започната кривична постапка во целост зависи од согласноста на странките, во однос на веќе изведените докази.

Имено, во досегашното постапување во кривичните предмети пред Основниот кривичен суд, клучен фактор за одолговлекувањето на започнатите кривични постапки е токму изричната законска одредба од член 371 од ЗКП, која наметнува обврска на судечкиот совет да бара согласност од странките да се прочитаат веќе изведените материјални и вербални докази, а доколку таква согласност не биде дадена од странките во кривичната постапка, судечкиот совет во изменет состав мора одново да ги изведе сите докази.

Врз основа на погоре наведеното, сметам дека треба да се иницираат измени и дополнување на Законот за кривичната постапка, со тоа што ќе се предвиди во членот 371 од ЗКП, дека при промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено ќе продолжи откако на новите членови на постојниот судечки совет на нејавна седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка,за што ќе се состави записник за одржана нејавна седница на судечкиот совет, притоа да се избришат законските решенија во оваа смисла кои предвидуваат изрична согласност на странките во кривичната постапка по однос на повторното изведување на веќе изведените докази.

Во ваква правна ситуација, од процесен аспект, нејавната седница заради запознавање на новите членови на судечкиот совет со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја закажал претседателот на судечкиот совет или судечкиот член на судечкиот совет, а доколку дојде до промена и на претседателот на судечкиот совет и судечкиот член на судечкиот совет, тогаш нејавна седница заради запознавање на новите судечки членови на советот, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд.

За кривични дела за кои согласно законот е предвидено постапување на судија поединец при промена на судија поединец во текот на кривичната постапка, нејавната седница заради запознавање со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд.

Сметам дека со имплементација на вакви измени во Законот за кривичната постапка, би се запазило начелото на економичност и ефикасност во судската постапка и воедно би се оневозможило злоупотреба која како крајна цел има одолговлекување на започнатите судски постапки особено во сложени кривични предмети со голем број на материјални и вербални докази.

И, конечно, ваквото предлог-решение сметам дека е оправдано имајќи ја предвид арбитрарната улога на судечкиот совет во кривичната постапка, која врз основа на изведените докази предложени од странките во кривичната постапка треба да изгради сопствено мислење во контекст на кривичното дело кое на обвинетите им се става на товар, па оттаму сметам дека доказите кои ги предлагаат странките во кривичната постапка се изведуваат со цел судот или судечкиот совет,да ги утврди решителните факти и врз основа на тоа да изгради мислење и донесе мериторна одлука, а не обратно и затоа е потребно да се интервенира со ново и целисходно законско решение кое ќе овозможи непречено водење на кривичните постапки.

Основен кривичен суд Скопје

Next Post

Истражување: Загадениот воздух нè прави поглупави

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk