Малку вицеви, малку поезија, седми ден од предизборната кампања за локалните избори, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не посочи ниту еден конкретен проект на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова покажува дека како и секогаш опозициската партија има само желба да дојде на власт, а планот во кој правец ќе се движат општините и како ќе се разбиваат останува мистерија.
Од едната страна проектите на СДСМ за изминатите четири години се реализирани повеќе од 80 отсто, а кандидатите за градоначалници ја презентираат трасата по која планираат да ја развиваат секоја општина, со нови училишта, градинки, амбуланти, улици, клинички центар итн.
Од друга страна, Мицкоски и кандидатите на опозицијата говорат за магариња и зајци, вицеви, соништа за модерна земја, ветуваат бесплатен превоз, како да не се во реалноста. Тој никако да се сети дека веќе треба да има готови проекти, план а не постојано да порачува дека ќе дојдат луѓе кои што знаат да донесат промени, кои што ќе знаат да изработат проекти, а безидејноста ја зачинува со заеднички патриотизам.
За Мицкоски минатото е само во изминатите четири години, тој критикува власт само затоа што е СДСМ, а ниту еднаш не се осврна на грабежот и криминалот кој владееја цели 11 години пред тоа, ниту пак се извини за грабежот на народот од веќе осуденик поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Д. Е.