ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Одговорност сепак има, оставките на директорите се неотповикливи, “Кратки Нозе” открива дезинформации на Латас

October 5, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со “Кратки Нозе” ги откриваме сите дезинформации околу Фондацијата на Сорос дека го финансирала спорниот камп на Првиот скопски извиднички одред, како и дека од деца во училишта се собира генетски материјал.Младите во 2022 година ќе имаат поголеми поволности при вработувањата, дури и оние кои немаат искуство. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, посочуваат од Јавното обвинителство.

 

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби смета дека според извештајот на Обвинителството за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември во кој загинаа 14 луѓе, очигледно е дека министерот и заменик-министерот за здравство немаат, како што рече, никаква одговорност за трагичниот настан.

Обвинителството денес соопшти дека причината за пожарот во модуларната болница во Тетово бил прегреан продолжен кабел на кој бил поврзан дефибрилатор. Според обвинителство огнот се ширел брзо бидејќи сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на кислородна поддршка со што присуството на кислорот во болницата било зголемено.

Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, во врска со пожарот што избувна на 8 септември годинава во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Парламентот навистина претставува крупен проблем за државата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјава за медиумите денеска го соопшти ставот за понудените оставки на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Илир Хасани откако во Основното јавно обвинителство Тетово беше доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната КОВИД болница во Тетово.

Потребите за струја по регулирана цена за домаќинствата се обезбедени најмалку до Нова година, уверува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Дојче Веле. Бизнисот и експертите се загрижени, бараат заштитни мерки.

Не се планираат нови антиковид-мерки зашто е намален бројот на хоспитализирани, болниците не се оптоварени и се празнат. Трета доза „Фајзер“ им се препорачува на сите граѓани, без оглед на возраста и дали се хронично болни.

Најавуваме за 2022 година, за секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации. Само да тргнат на работа. Тие што немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно од компаниите каде што ќе бидат ангажирани за да створат своја пракса, да имаат свои практични вештини за да можат на крајот да ги имаат сите опции.

Предлог мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем кои се дефинирани за прв пат во државава од Националниот стартап совет, беа презентирани денеска на заедничка прес-конференција

Светот денес оддава почит на луѓето кои одбрале да се занимаваат со најблагородната професија, а тоа е просветителството. Денес е 5 Октомври – Меѓународен ден на учителките и учителите и јас, како министерка за образование и наука која секојдневно комуницира и работи со нив и заеднички овозможуваме непречена едукација на младите во нашата земја во нормални и во вонредни услови за работа.

СДСМ е партнер на младите и на централно и на локално ниво, се отвораат младински центри и младински локални совети во сите општини. Во Скопје го воведуваме проектот Смарт сити, Скопје без шалтери. Со Смарт сити, Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот, велат во соопштение од СДСМ.

Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на Интернет во секое време и да бидат достапни за секого. 

Тајното богатство и бизнисите на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски документи. Околу 35 сегашни и поранешни лидери и повеќе од 300 функционери се поврзани со документи од офшор компании наречени „Пандорини документи“.

 ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

На трибина на претставувањето на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Петар Георгиевски кажа неколку „бисери“. Камиказа праша „постои ли метропола ВО БИЛО КОЈ СВЕТ, што нема саем?  А потоа додаде, „Ние ќе го направиме саемот на централно место, ќе биде на некои 20 километра од Скопје во ПетровАц!“.

Град Скопје реагира на намерата одредени кандидати да ја злоупотребуваат противпожарната бригада за изборни цели.  На партиските кампањи никогаш не им било местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени за овие локални избори.

Отровни стрели до вчера, прегратки денеска, а утре? Краток видео прилог за променливите „расположенија“ во политиката.

AНАЛИЗИ

Разоткриваме серија невистини од Драган Павловиќ Латас за проектот Скопје 2014. Откриваме и дезинформации дека Фондацијата на Сорос го финансирала спорниот камп на Првиот скопски извиднички одред, како и дека од деца во училишта се собира генетски материјал.

На сите на кои им е потребна изборна кампања, задоволување на душите и полнење на суетите од ветувањата на кандидатите за градоначалници на општините, од местата на собирите и митинзите, испорачани преку гласните озвучувања, всушност, не им треба градоначалник. Им треба партиски послушник. За таквите никогаш не е добро оноа што претходните го направиле и сè уште го прават и е во нивни интерес.

 

 

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk