На својот фејбук профил Зоран Заев упати благодарност до премиерот Јанес Јанша, до владата на Република Словенија и до словенечкиот народ за извонредниот ангажман и посветеноста со кои претседателството на ЕУ се бори да го одржи проширувањето во фокусот на интересите на ЕУ.
Северна Македонија и Западен Балкан ќе ги паметат овие изрази на пријателство, солидарност и заедништво.
Денеска во Брдо беше врнежливо, но европските ѕвезди и македонското сонце ќе го осветлат сивилото. Продолжуваме напред.