-Струмица е прекрасна, само не со владеењето на Заеви. Сметам дека има многу недостатоци во Струмица. Се е лоцирано на едно место. Кланот Заеви управува комплетно со град Струмица и се што направија е што градот го стопија во нивна полза, изјави за Утрински брифинг Васе Витанов, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на Интегра.
Прашан дали во градот има доволно училишта, градинки, Витанов вели: „Има сѐ. И тоа е пренатрупано со вработени. Средни училишта основни училишта, градинки… не можеш да се разминеш од вработени.“ Па зарем не е тоа добро за децата? Витанов вели: „Па не може да биде добро.“ Ама дали има доволно за децата? -Има, има. Таман работа. Има доволно и повеќе од тоа, појасни Витанов.
Бидејќи генерално рече дека е задоволен од животот на градот, нѐ интересираше што може тој да направи за Струмица?
-Што можам јас? Уште не сум дојден таму како градоначалник, вели тој и додава дека се малку четири години за еден мандат туку предлага два мандата да се спојат во еден. „Со еден мандат не се завршува работа, не, не, не…“ вели Витанов од Интегра.
Љубопитни, какви што сме, го прашавме кандидатот на Интегра за градоначалник на Струмица зошто очекува граѓаните да го гласаат за градоначалник?
-Па, не знам ни јас, и јас се прашувам…, вели искрено Витанов.
Изненадени, да не сме згрешиле нешто, го прашавме нели тој се понуди да стане градоначалник?
-Да, понуден сум, прецизира тој.
извор: Утрински Брифинг, Слободен печат.