„Неготино знае да направи разлика. Со заложба на Владата и на локалната власт, после 39 години конечно имаме нова градинка во Неготино, за повеќе од 160 дечиња да може да имаат беззгрижно детство“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.
Таа додаде дека СДСМ гради едно општество за сите, во кое граѓанинот е секогаш на централно место.
„Постојано сме во еден отворен дијалог со различни целни групи, градиме доверба со сите, со младите подадовме рака и имаме одлични развојни младински политики со кои ќе овозможиме младите да развиваат сопствени бизниси и врз основа на тоа да ги задржиме да останат тука. И во Неготино и во целата држава“ рече Лукаревска.
Директорката на УЈП кажа дека градоначалникот на Неготино, Тони Делков е доказ дека знае успешно и умешно да го менаџира градот и да помогне на сите граѓани.
Лукаревска најави Делков како градоначалник значи среќни и задоволни граѓани, а централната власт ќе продолжи нижи успеси и да ги поддржува општините грижејќи се за младите, возрасните, унапредувајќи го спортот и градејќи партнерски однос со компаниите.
Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се ветер и магла, промените за нив се барок, стиропор, закани и уцени
„Од Белата палата и на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ слушаме дека ќе ги задржувале младите дома, но очигледно имаат заборавено што се случуваше до 2016. Ние сме тука да ги потсетиме дека нивните проекти се ветер и магла“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.
„Заедно сме тука да памтиме и да ги потсетиме дека до 2016 година дозволија од нашата држава да се иселат околу 630 илјади граѓани. Истовремено велат дека нудат промени, но промените одамна се започнати. За нас промените се дека вложуваме во човечкиот капитал и овозможивме да се намали невработеноста на рекордно ниско ниво“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека со доаѓањето на СДСМ на власт се намалија казните и казнената политика, се намалија непродуктивните трошења.
„Ги зголемивме и просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во различните сектори, социјалната помош, пензиите и го зголемивме транспарентното владеење. Владееме транспаретно и отчетно пред граѓаните“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека сите овие разлики и успешноста на локалните власти под водство на СДСМ во изминатите четири години се причината која ќе овозможи бројот 12 да биде победнички насекаде низ државата и во Неготино на овие локални избори.