ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Уморна Македонија!

Никому не му текна да ни чукне на врата со некое коренче од растение за садење или макар семе за домати, иако на сите природата и зачувувањето на здравата околина им се меѓу првите приоритети во предизборните програми. Немаше слоган што се издвојува, немаше плакат што ќе се памети, немаше претставување што ќе се спомнува...

October 13, 2021 09:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Па, добро, на три дена пред изборен молк, локалните понуди и локалните кандидати се јасни. До петок ќе ги добиеме и завршните пораки на политичките лидери, иако и до сега разбравме дека се работи за уште едно „судбинско“ гласање во кое ќе се решава за нашата и за иднината на нашите деца; за оние кои немаат деца, ќе се решава за нивната и за иднината на нивните домашни миленици; за оние кои немаат домашни миленици, ќе се решава за иднината воопшто, од климата до превозот, за што се испорачаа бројни предизборни ветувања. Бизнисите со асфалт, хортикултура и градежни скелиња нема да можат глава да кренат веќе од понеделник, а цената на лопатите ќе се изразува во унци суво злато.

Во преостанатите неколку предизборни денови ќе се извадат и последните скандали и афери што се чуваат за опонентните кандидати, како последен обид за нивна политичка и лична дискредитација, ако до сега во тоа не е успеано. Што е право, кампањата привршува без преголеми возбудувања, бидејќи во Македонија одамна се знае сѐ за секого, за што се погрижија и триесетина илјади прислушувани телефони во претходната деценија.

Нема големи „жртви“ од досегашните објавени „скандали“, сите деманти и контра-обвинувања уредно се направени, противниците се „утепани во поим“, вклучувајќи ги и неколкуте телевизиски дебатни колективни „гракања“ во кои главна жртва излегоа водителите по студијата.

За очекување е дека, кај и да е, ќе се објават и последните партиски анкети за тоа дека нивните кандидати сигурно победуваат, многу и насекаде. А и таму каде што губат, за тоа е виновна предизборната корупција и притисокот од локалните моќници и нивните криминални структури. Кој добил брашно и зејтин – добил; другите годинава сами ќе се снаоѓаат за зимница.

Зборот ми е, не видовме годинава никаква специјална предизборна кампања што би се разликувала од вообичаените, здодевни понуди и изборни презентации како и во претходните триесет години. Оние кои можеа, поделија тефтерчиња, пенкалца и запалки (уште делат „упаљачи“!) на своите поддржувачи и на оние кои се неопределени – другите гром да ги убие! Никому не му текна да ни чукне на врата со некое коренче од растение за садење или макар семе за домати, иако на сите природата и зачувувањето на здравата животна средина им се меѓу првите приоритети во предизборните програми. Немаше слоган што се издвојува, немаше плакат што ќе се памети, немаше претставување што ќе се спомнува…

Најоригинален излезе охриѓанецот кој истураше „вегета“ во студиото на ТВ24 и кандидатот на Интегра кој во „Утрински брифинг“ на прашањето зошто струмичани би го гласале, искрено одговори: „Па, не знам ни јас, и јас се прашувам!“ … Ах, да, и еден-два инциденти на Левица, ама и тие површни и лошо одглумени, каква што им е партиската понуда. Имаат, додуша, уште два-три дена време да смислат и изведат и нешто полошо, бидејќи тоа дно никогаш не треба да се потцени.

Најголемото разочарување е, сепак, на контото на бројните независни кандидати и листи на советници – добро е што на овие локални избори ги има во голем број – од кои очекувавме пооригинален настап, некаква трага од имагинација или кампања што ќе изненадеше и ќе го привлечеше вниманието на јавноста. Ништо. Излезе дека се многу импресионирани од поскапите партиски кампањи, иако за оригиналност не се секогаш решавачки парите. И тие се потонати во патосот и сивилото на македонското митингашко, уморно, политичко секојдневие.

Здодевни како да сме Швајцарија. А, не сме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Заев: Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со политичката кариера 

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk