Случајно или не, намерно или не, дали мислеше на политичарите или конкретно на неговата партија, Христијан Мицкоски изјави „ние манипулираме со народот“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја дезинформираше јавноста и за тоа од каде ќе се набавува јаглен, иако тендерот уште трае. Сè што прават авторитарните режим е привид, освен богатењето, тоа е реално…
ФРОНТ, ESPRESSO, РЕНДГЕН
Лажното удопство на тапоглавоста. Авторитарните режими најмалку од сѐ носат извесност. Тие го корумпираат системот, ја заробуваат државата, ги подредуваат економските ресурси на своите интереси (крадат). За да ги контролираат парите (да ги крадат), авторитарните режими ги контролираат и медиумите, судовите, полицијата и академијата. Сѐ што прават е привид, само нивното немерливо богатење е вистинско…Испијте го силното освестувачко еспресо заедно со Џабир Дерала.
Заев: Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со политичката кариера. И додека ние носиме историски инвестиции, додека позитивно ја трансформираме секоја општина, додека обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, рече Заев, се прашуваат дали е ова нормално.
Мицкоски: Ние ги потценуваме граѓаните!. Дали се работи за гаф, недоволно познавање на македонскиот јазик или за избивање на потсвеста кај Мицкоски, но тој на ТВ 21 вечерва јасно кажа: „Ние ги потценуваме граѓаните!“.Веројатно се работи за сите три заедно. Слоганот на партијата на Мицкоски на локалните избори е „Создади нова иднина“ што предизвика многу смеа и подбив. Освен сеирџиите со многу потсмев, излегоа и лингвистите, со поука: Заповеден начин од глаголот создаде е создај/создајте, како во случаите со додај/додајте, предај/предајте.
Герасимовски: Матичниот објект на градинката Корчагин добива целосна реконструкција. Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, потсети и на проектите кои општината ги реализираше изминатиот период. Тој рече дека влогот во предучилишните установи е влог во квалитетно образование и градење на здрави генерации. Герасимовски потсети на целосното реконструирање на објектот „Пепелашка“ по цели 65 години кој згрижува 115 деца на површина од 894 м² во склоп на градинката „Р.Ј. Корчагин“.
ПОЛИТИКА И ЛАЖНИ ВЕСТИ
Нов круг консултации со Софија до крајот на октомври, Скопје се надева на решение по изборите во Бугарија. Премиерот Зоран Заев вчера повтори дека од самитот ЕУ-Западен Балкан кај Брдо, Словенија, ниту тој, ниту ЕУ добила гаранции од Бугарија за деблокирање на процесот за членство на земјава во Унијата, но дека работните групи продолжуваат да работат и оти е можно да се најде решение доколку двете страни тоа го сакаат.
Мицкоски дезинформира дека ќе се купува јаглен од Косово, уште не се знае од каде ќе се набави. Дали навистина набавката на јаглен за потребите на РЕК ќе биде од Косово, Грција со коп во близина на РЕК, Србија или друго место, ќе се знае по завршувањето на тендерот, велат од ЕСМ.
Препораки за стимулативни мерки за имунизација, активни 6.658 ковид случаи и бележи пад за околу 4.000 споредено со претходната недела.
Велика Британија ја стави Северна Македонија на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација. На веб страницата на МНР може да ги следите најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19. Останува непроменето дека, државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.
И. Т. З.