„Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра!“,изјави на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Тој нагласи дека токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела а потоа Империал.
„Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра!
А токму од 2013 година до 2014 година, била управител на оваа компанија.
Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи
Толку од чесноста на Данела Арсовска.
Не е ниту е чесна, ниту пак е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.
Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.
Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.
Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого?
Ваквото нечесно, неодговорно и недомаќинско однесување на Арсовска ќе го ценат граѓаните, кога во недела ќе и испорачаат убедлив пораз и ќе покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје.“, истакнува Каевски.