Ќе излезат луѓето и ќе гласаат, кандидати има „едно чудо“, мнозинскиот избор ќе биде рационален. Така опстојува демократијата, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски. Апасиев стравува од исламизација, а неговиот кандидат за Шуто Оризари организира исламска молитва пред Влада – што е целта? МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес, вели Спасовски.
ФРОНТ, КОМЕНТАРИ И РЕНДГЕН
Во недела, изборот ќе биде рационален. Претпоставувам дека така ќе биде и на овие локални избори, чија кампања, до сега, поминува во, генерално, фер и демократска атмосфера. Ќе излезат луѓето и ќе гласаат, кандидати има „едно чудо“, мнозинскиот избор ќе биде рационален. Така опстојува демократијата, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.
Бедата на југенд-сајбер „Левица“… Според она што ни е познато, југендот на „Левица“ припаѓа на онаа маса која е социјално несреќна, пауперизирана, што значи дека во оваа земја такви луѓе има премногу, ама тоа не го спречило да отиде на Могилата на непобедените, што од друга страна ни кажува дека „членот“ на „Левица“ имал и некои поопасни замисли кога се во прашање некои други политичари, да погодуваме? Кој друг ако не е таргетот вперен во Зоран Заев! Од сите политичари на Могила, на малиот југенд само Заев му беше таргет, а останатото е историја, пардон: останатото е хистерија!, пишува Ненад Јовановиќ за Слободен печат.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Апасиев стравува од исламизација, а неговиот кандидат за Шуто Оризари организира исламска молитва пред Влада – што е целта?
Последен ден од кампањата за Локалните избори 2021. СДСМ ќе одржи предизборни собори во Арачиново, Велес и Куманово. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и во Штип. Левица ќе има „завршна дружба“ со избирачите во Градскиот парк во Скопје, а средба со граѓаните во скопската општина Центар ќе има и Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. ДУИ ќе ја заврши изборната кампања во Гостивар, Беса во Тетово.
ЕКОНОМИЈА
Заев: ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства, истакна премиерот Зоран Заев