ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Лазаревски: Зошто во недела треба да се гласа за Шилегов и коалицијата Најдоброто за Скопје

Во Скопје, на една страна ги имаме ветувањата за пловен Вардар до Драчево, субвенции за патики, како и пишман експерти за екологија (до пола само се потпишала за гасоводот на Водно), естрадни уметници – осветници и ВМРО со нивната „невидена“ на овие простори „експертка“ за светска економија, менаџирање сала за свадби и неплаќање струја, а на друга Петре Шилегов и коалицијата #најдоброто.

October 15, 2021 13:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес е денот за само една порака пред да почне предизборниот молк: Излези и гласај. До сега секој граѓанин има изградено прецизна слика што е #најдоброто за местото во кое живее и која опција треба да се поддржи. Затоа имаше кампања за претставување на кандидатите и сега можеме да видиме кој/а од нив се разбира во работите, кој/а ветува нереални работи кои ни во следните дваесет години не можат да се случат, а и кој/а од нив се кандидирале само за да ги има на телевизија.

Во Скопје, на една страна ги имаме ветувањата за пловен Вардар до Драчево, субвенции за патики, како и пишман експерти за екологија (до пола само се потпишала за гасоводот на Водно), естрадни уметници – осветници и ВМРО со нивната „невидена“ на овие простори „експертка“ за светска економија, менаџирање сала за свадби и неплаќање струја, а на друга Петре Шилегов и коалицијата #најдоброто.

Да видиме зошто во недела е битно да се излезе и гласа за број 12:

– За мене лично најбитно, затоа што по долго време на Скопје се гледа како на еден град, еден организам, еден систем. Се напушта менталитетот „лево и десно од Вардар“ кој доведе до тоа десниот – јушниот дел на градот да е преурбанизиран и пренаселен, а северниот дел запуштен, без доволна инфраструктура. Мислам дека оваа премолчена етничка и социјална сегрегација на Скопје беше најголемата мака на Скопје и Скопјани и напуштањето на таа визура за Градот е најголемата придобивка која ќе овозможи подобар живот во него. Едно општество за сите, овде е преточено во Еден град за сите.

– Затоа што беа воведени многу мерки против загадувањето и тоа сега е многу намалено. Скопје веќе не е најзагаден град на светот. Некои велат дека се сменила климата, јас велам – мерките делуваат и за прв пат функционира Инспекторат на Град Скопје, нема веќе масовно палење кабли, пластики и диви депонии. Точаци, тротинети, инвертери, исчистени оџаци, затворени котли на мазут.

– Затоа што депонијата Дрисла се врати на граѓаните по вмровската авантура со фантомска италијанска фирма која гореше секаков отпад во едно ќумбе кое помпезно го нарекуваа инцинератор и го труеа Скопје и околината

– Затоа што мачилиштето за бездомни кучиња Вардариште, стана Лајка и сега се вдомуваат многу пати повеќе кутриња, а често третираните кутриња се враќаат во Лајка затоа што таму им било најдобро во животот

– Затоа што парите за барокни фасади се пренаменија за нови енергетско ефикасни фасади за средните училишта

– Затоа што Пожарна Скопје е многу подобро опремена и спремна да делува не само во Скопје, туку секаде каде што има потреба. Станаа гордост на Градот

– Јавниот превоз се менува од корен, до сега функционираше по студија изработена во 1984 година, сега се воведува БРТ системот, кој ќе им овозможи на Скопјани побрзо, поудобно и еколошки неспоредливо подобро движење низ градот, нови автобуси на гас, наместо двоспратниот крш што троши 45 литри дизел на сто километри

– Главните сообраќајни коридори во Скопје, беа изградени само 50%, затоа има метеж во сообраќајот и затоа се пробиваат нови улици, булевари и тунели, затоа се инсистира на малиот северен ринг кој ќе овозможи булеварско поврзување од Волково до Ново Лисиче без да се оди низ центарот на градот, затоа се прави тунелот на булевар Македонија кој ќе отвори коридор за движење на луѓето од Кисела Вода без да мораат да заглавуваат секој ден на Рампа.

– Над 100 километри патеки за точаци

– 100 000 квадрати паркови и зеленило, 20 нови дрвореди, парк Ибни пајко (прв парк во Мал ринг по земјотресот), паркови на место на депонии во Мичурин и Кисела вода, ослободен е кејот кај ГТЦ, а исчистен и среден од левата страна до Лепенец

– Развиена е огромна културна програма и поддршка на проекти на културни работници и уметници кои работат во Скопје. Имаме и локални и регионални и светски фестивали и настани, наши културни производи носат меѓународни награди

– затоа што си го сакаме Скопје и нема да дозволиме некој повторно да се изживува врз него!

Фејсбук објава од Васко Лазаревски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk