ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сведок на „Рекет“: Се плашев да пријавам знаејќи ја тогашната моќ на СЈО

Митровски, откако слушнал во медиумите дека се споменува како осомничен, побарал да пристапи до обвинителите во СЈО, да однесе документи, да исконтактира со нив, но, како што вели, му било речено „се во свое време“. Бил загрижен за својот углед и чест, но исто така бил и исплашен, поради, како што нагласи, тогашната моќ на СЈО

December 25, 2019 14:25
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот сведок на денешното рочиште за случајот „Рекет“, бизнисменот Зоранчо Митровски, нагласи дека бил запрепастен кога во медиумите слушнал оти е осомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пренесе МИА.

Тој наведе дека е почесен конзул на Летонија и оти е бизнисмен долги години, кој има свои винарии на повеќе места во Европа.

Митровски, откако слушнал во медиумите дека се споменува како осомничен, побарал да пристапи до обвинителите во СЈО, да однесе документи, да исконтактира со нив, но, како што вели, му било речено „се во свое време“. Бил загрижен за својот углед и чест, но исто така бил и исплашен, поради, како што нагласи, тогашната моќ на СЈО.

– Нарушувањето на честа и угледот не се надоместува. Кога СЈО не ме удостои да ме прими за да дадам документи и да престане голготата, почна кокетирањето со мене, добронамерни посредници, па ми кажуваа дека не е страшно, објасни сведокот.

Тој наведе дека Сашко Бошков му раскажал за средбата со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и што се зборувало таму – дека Јованоски побарал два милиони евра за да се реши случајот со Митровски, кој му е кум и долгогодишен пријател на Бошков.

– Бошков ми кажа што му кажал Јовановски, кој не беше опасност за мене, но сфатив дека приказната е многу поголема и сериозно се исплашив, потенцираше Митровски, истакнуваќи дека немал намера да даде пари. Додаде дека смета оти Јанева го искористила Јовановски.

Митровски, како почесен конзулат на Летонија, одлучил за случувањата да го извести Алберт Сарканис, нерезистентниот амбасадор на Летонија. Сараканис имал средба со министерот за надворешни работи и му пренел. Потоа од МНР се обидувале да воспостават неофицијални контакти со Митровски.

Третиот сведок на денешното рочиште Томе Главчев, сопственик на компанијата „Ноел“ раскажа дека имал многу потресно искуство при сослушувањата во СЈО за друг случај. Истакна дека на неговиот адвокат му била дадена листа на докази, меѓу кои имало и такви, кои воопшто не се однесувале на него.

Главчев рече дека неговата компанија лансирала нови производи на пазарот, наменети за жени. Од таа причина сакал поголем маркетинг, бидејќи неговата конфекција е позната по изработка на кошули за мажи. Тој во повеќе наврати контактирал со Јовановски, но сите разговори биле поврзани со рекламирањето во телевизијата 1ТВ.

Сведокот раскажа дека по случувањата, односно откако неговото име било објавено во медиумите, како осомничен за случајот „Поштенска банка“, цената за рекламирањето се зголемила. Од договорените 40.000 – 50.000 евра на околу 100.000 евра.

Главчев раскажа дека тој сам го прашал Боки 13 да не има некоја информација за случајот во СЈО, бидејќи, како што објасни, го гледал Јовановски на фотографии со обвинителите. Јовановски на тоа му одговорил „јас мислам дека си дел од колатералка и треба да бидеш спокоен“ .

Како што јави МИА, првиот сведок Сашко Бошков, адвокат, пријател и кумашин на Митровски, посочи дека Јовановски му побарал два милиони евра за да се решат случаите на Митровски.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 27 декември со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Next Post

Претседателот Пендаровски во посета на Општина Кичево

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk