ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Претседателот Пендаровски во посета на Општина Кичево

Во основното училиште „Санде Штерјоски“ Пендаровски посети две паралелки кои наставата ја следат на македонски, односно на албански јазик. Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Исто така, претседателот Пендаровски ја посети паралелката на деца со попреченост, кои учат училиштето

December 25, 2019 14:32
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска престојува во посета на Општина Кичево.

Во основното училиште „Санде Штерјоски“ Пендаровски посети две паралелки кои наставата ја следат на македонски, односно на албански јазик. Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Исто така, претседателот Пендаровски ја посети паралелката на деца со попреченост, кои учат училиштето.

Во училишната библиотека, претседателот Пендаровски се сретна со 18-годишниот Албин Алиу, иноватор кој има направено проект за изработка на хартија од алги, собрани во Охридското Езеро. Тој го запозна претседателот Пендаровски со својот проект, со кој освоил трето место на натпревар во Њујорк – САД, во областа на биохемијата.

За време на посетата на Кичево, претседателот Пендаровски го посети и основното училиште „Владимир Полежиноски“, каде беше посочен трендот со намалување на бројот на ученици во градот. За време на посетата, претседателот Пендаровски даде интервју за училишниот весник „Ѕуница“, што го подготвуваат учениците од новинарската секција.

Во општинската организација на Црвениот Крст во Кичево, претседателот Пендаровски се сретна со д-р Љуљзим Јахоја, добитник на националното признание за истакнат волонтер на годината, за 2019-та. Јахоја, кој по професија е невролог, веќе 15 години е волонтер во Црвениот крст.

За време на престојот во општина Кичево, претседателот Пендаровски ќе се сретне со новинари од локалните медиуми, а ќе го посети и грнчарот Стојан Стојанов во селото Вранештица.

Next Post

Димковски: Заврши третата и последна фаза исплати за корисниците на финансиска поддршка за земјоделство

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk