ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Ау како јако ова хибридниов режим од Заев. Режим, режимиште со тантели навезан.
Заробена држава, во хибриден режим, него што!
Откако ги сомлеа од мавање опозицискиве, каков ќотек ова режимциве им удрија предизборно и на неутралните, па кога им се навртеа на овие што се осоколија независни да одат и на поддржувачите нивни, а бога ми и на оние што не ги оставаа протоколарно да се поклонат на чествувања. па, па па… уште пердуви летаат.
Уа хибридни, паднавте во првиов круг!
Каков потоп човече, ма цунами, хибриден режим во слободен пад, wow, драгао, зурли и тапани од Галичник до Река. По медиуми се вадат од нафталин грижно чувани новинарски началници, спакувани во демократската милошевиќ обланда, претскажувачи и универзални експерти, социјал-медиа проститутки и слични клукајдрвци, ликуваат, дури другиве мекотели не знаат како сега да се понашаат. Ма радувајте се народе, нели режим турнавте.
Е арно им се деси да губат пола општини кога исклучуваат лифтови за поштен народ да не може да гласа. Кога влечат за уши да гласаат од Шутка до Тризла. Кога им изнададоа лични карти на човечињата фатени за рачиња еден по еден, ма Медрано што да ти кажувам. Од Пустец ли беа, или од Благоевград, засилени со делови од леринско овој пат да гласаат за да опстои хибридниот режим на Заев на власт, арно им се направи. Кога тепаат опозициски пратеници, организираат крвави напади на Собрание, што им се чинеше, не ќе изгубат пола општини со такво поведение, пичка им матер комуњарска хибридна. Ќе решавале децениски проблеми, ќе нè внесувале во НАТО, со сила. Со финти! Ето ви га на, бандо заевистичка.
А најтрагично и болно е што практикуваат самоволно владеење без да прашаат што поштен народ на Фејсбук мисли. Зошто не прашаа дали ни се потребни 69 ветерници, на пример? Што, ние не знаеме дека само ќе се перат пари со тоа, будали сме? Се фалат со пола милијарда инвестиција некоја германска, па амбасадорката зела ги поддржува политиките… Каде бе така со кој ум мислите да нè омаловажувате, еј?!
Ете вака во прв круг паѓаат драги мои режимите како овој на Заев, за ум да им е на сите што практикуваат таков режим.
Кој им е крив на хибридниве, што се обидоа да отворат вреќи со гласачки ливчиња со тоа како се викаше патентот, е да зиперот, што апсеа новинари во монтирани случаи кои потоа скапуваа во притвор и затвор, што со хилта предизборно решаваа објекти на неистомисленици, што фрлаа во ендек цели фамилии?! Па што ако не тепаа студенти по читални со специјални полициски единици. Па што ако куртулија од ќотек и стечајците. Голема работа ги обезбедиле нив, а се фалат и дека зголемиле минимална плата за повеќе од 6.000 денари, зголемиле 300% социјална помош, исплаќале пред време пензии, дале тешки милиони субвенции. Се фалат дека нема меѓунационални тензии, едно општество за сите. Тоа ли е за фалење бе?! А бе одете мавнете се има да си се мразиме како што си знаеме.
Оној пак Шилегов, направил стотици километри вело патеки за еден мандат, ќе го решел јавниот превоз… Голем кур! А бе ќе си гласа поштен народ за бесплатен, па каков е таков е, на подарен коњ, велат, во забите не му се гледа. Па и да е невозможно да има бесплатен јавен превоз за скопјани, чудно ми чудо, важно овие имаат воља да му се помогни на народ, а не Шилегов проект пред изведување ќе ни кажува. Изградил мостови, пробил булевари, средил цакум-пакум колку што се може во корона време, во еден мандат. И што имаме ние како морална пуританска милиција од тоа, кога инсистира да си држи до себе, арогантен е и враќа на неосновани критики? Има да го казните во втор круг за тоа дека многу се пува шо го среди кејот позади ГТЦ, ако не за друго, ете ви во втор круг шанса.
За време на режим да се нема масовно полнење на кутии – гласање еден за сто луѓе, да се нема искршено една гласачка кутија, без меѓупартиски ѓурултии бе пред избирачки места, каде се видело тоа, да ти ебам режимот неспособен
И една нас’скана етничка тепачка помеѓу деца во автобусиве да се немало предизборно, на што личеше тоа, ајде кажете ми.
Искрено мене овие избори ми изгледаа сомнително уште кога не се деси традиционална предизборна кражба на поштенско комбе со стотици илјади евра, ама си реков ај да не спомнувам да не бидам ситничар.
И така, кандидатите од хибридниот режим први им честитаа на своите ривали победа во првиот круг, онака режимски хибридно им се внесоа во фаца, демократски, воспитано и коректно им посакаа успешен мандат.
***
Не дека не им требаше здраво заплескување, ама нели – Тибам таквиот режим, тибам!
Текстот е личен став на авторот