Новиот волонтер на Мировниот корпус за Општина Крива Паланка, Александар Бенишек, денес во општинската сала го презентираше своето работно искуство и своите вештини и капацитети и компетенции и зборуваше за тоа, како и на кој начин може да ги поддржи локалните здруженија на граѓани, младинските клубови и цивилниот сектор во општина Крива Паланка, пренесе МИА.
Волонтерот Александар во својата презентација нагласи дека, покрај свјот основен ангажман во општината, со нетрпение очекува да соработува со локалните невладини организации, институции, клубови и младински групи во Крива Паланка и доколку некои групи пројават интереса за соработка со него, може да пристапат на следниот контакт: [email protected]
Во наредните две години, волонтерот на Мировен корпус, Александар Бенишек, ќе престојува во општина Крива Паланка, која има долгогодишна успешна соработка со мисијата на Мировниот корпус, а исто така волонтерот ќе работи и со извидничкиот одред Наум Наумовски Борче.