ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Одговорност за фингерпринтите мора да има, која е таа битна промена во ВМРО ДПМНЕ за да посакам повторно да биде на власт?

October 20, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Kоја е таа битна промена во ВМРО-ДПМНЕ за да посакам повторно да биде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?, прашува професорката Најчевска. Дали Бранко локално го поздрави Зоки?, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.

ФРОНТ, РЕНДГЕН, АХА

Впрочем, немаше Заев вчера да испраќа писмо до сопственото партиско членство – и тој, како своевремено Груевски во својата прочуена партиска епистола, вели дека „сега е време за борба (збор што го повторува 5-6 пати во обраќањето – м.з.)… против злото… и враќањето на режимот“ итн. – со наслов „Обединување!“, ако во самата партија не заклучиле дека мора да постои извесно внатрепартиско „разединување“ по повод тековните изборни резултати, пишува колумнистот Сашо Орданоски во најновата колумна со наслов Дали Бранко локално го поздрави Зоки?

Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ, за да посакам повторно да биде на власт? -прашува професорката Мирјана Најчевска.

Шефе, пакувај куферите!…насмејте се или поплачете со најновата сатира на РИБАРО. Изборот е Ваш!

Апасиев со „кратки нозе“ за обвинението кон браќата Масларковски, кандидати за советници од Левица

Руски рулет

Петар Писместрович

ПОЛИТИКА И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021 

Остварен добар напредок, особено во подготовката и спроведувањето на Пописот 2021, се вели во Извештајот на ЕК. Земјата има добар напредок на полето на макроекономската статистика. Структурната деловна статистика и краткорочната статистика за индустријата и градежниот сектор се добро развиени.

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи. Волјата на граѓаните преточена во резултатите на локалните избори предизвика „земјотрес“ на политичката сцена. Но, има ли скриена порака која треба сериозно да ја разберат нашите политичари, пишува МЕТА.
Дерала во Клик Плус, ТВ21: Демократски избори, да, но за фингерпринт апаратите треба да има одговорност. ДИК најверојатно и не можеше да гарантира успешност, но некаква одговорност мора да има. Мора да се разговара во јавноста, како да се надмине оваа ситуација. Имаше избирачки одбори кои отворија навреме, во 7, но се доцнеше затоа што избирачките одбори не можеа да ги стават во функција апаратите“ – рече Дерала.

ДС: Да продолжиме по патот кон ЕУ, на 31 октомври да заокружиме 12 за коалицијата предводена од СДСМ. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните, пишува во соопшението на Демократскиот сојуз.

Сојузот на Ромите со поддршка на коалицијата на СДСМ. Најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија, како најмоќна ромска политичка структура дава силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Република Северна Македонија, пишува во соопшението на Сојузот на Ромите.

Најмала излезност на локалните избори од независноста, Заев и Мицкоски повикуваат на мобилизација пред втор круг.

 ДВ: Kој освои помалку од 100 гласови на локалните избори?Голем број кандидати за градоначалници беа збришани од поголемите партии, оставајќи ги далеку зад себе на листите со освоени само десетици гласови, со што за нив изборната трка започна пред и да почне, пишува Дојче веле.

Земјава продолжува да ги исполнува критериумите за членство во ЕУ, Вархеји очекува „зелено светло“ за почеток на преговори до крајот на декември. Во документот се наведува дека ЕУ реформите се процес на долг рок, што бара постојан ангажман од Владата и од опозицијата, како и од сите општествени чинители.

Почнува скрининг на скопските средношколци, вчера 13,7 отсто од тестираните позитивни на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669, бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk