Дали мислите дека доколку дојде на власт ВМРО ДПМНЕ олицетворено во Данела, ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014. Дали Левица смета на тоа во договорот за коалиција со ВМРО ДПМНЕ?, пишува на својот Фејсбук, професорката Мирјана Најчевска.
„Кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО ДПМНЕ доколку дојде на власт?
Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?
Мислам на оние заради кои акавме по улици? Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ за во било кој момент да посакам повторно да биде на власт?“, прашува Најчевска.