Самет Салиевски, советник од ромската заедница бил нападнат физички од тимот на Димитриевски, нема да дозволиме коалицијата на режимско ВМРО на Димитриевски и Груевски да продолжи со насилството и да ги влече ромите за уши, соопштија од СДСМ Куманово.
Вчера, советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски бил физички нападнат од Реџеп Реџеповски, советник од тимот на Максим Димитриевски. Случајот е пријавен во СВР Куманово од страна на Самет Салиевски.
На прес-конференција Салиевски изјави дека е нападнат само еден ден од официјалното објавување на коалицијата на Димитриевски со режимското ВМРО. И дека веднаш почнаа насилствата врз Ромите коишто беа редовни во времето на режимот. Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.
„Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за уши. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите.”, рече Салиевски.
Советникот Салиевски апелираше надлежните институции да го расчистат случајот.