ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот и урбанизација надвор од централното јадро

October 25, 2021 14:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

„Влегуваме во последната недела во кампањата и би сакал да ги сумирам клучните ветувања, проекти и планови за градот кои во следните 4 години ќе се спроведат, а за кои интензивно зборував изминатите недели. Овие решенија кои ги понудивме јас и мојот тим се од суштинско значење за развојот на Скопје, обезбедуваат поквалитетен и поздрав живот за скопјани, создаваме град без сообраќање метеж и го решаваме проблемот со урбанизмот со носењето на новиот ГУП во 2022 година“, изјави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

„Прво, Скопје до 2024 ќе биде град без сообраќаен метежи бидејќи ги завршуваме сите стратешки сообраќајни решенија кои 40 години биле запоставени. Со пробивање на булеварот АСНОМ и мостот Михајло Апостолски, сите кои патуваат од Аеродром до Карпош ќе го заобиколуваат центарот на градот по нова сообраќајна артерија. Со пробивање на тунелите под Лимак ја пробиваме другата артерија и сите кои патуваат од Кисела Вода и Драчево односно по јужната страна ќе го заобиколуваат центарот на градот. Со ова, ја отвораме можноста центарот да биде затворен за автомобили и да поминува само БРТ системот кој треба да е готов со 2024. Со комплетирање на овој мастер сообраќаен план Скопје ја добива најголемата пешачка зона од сите европски градови и сосема нов лик и начин на живеење“, вели Шилегов.

„Скопје до 2024 година добива брз, еколошки и целосно нов јавен транспорт. БРТ системот е решение кое е одобрено и веќе исфинансирано од ЕБРД, решение кое е прогласено за најеколошкиот начин и најефикасниот систем за превоз на патници од страна на Европската банка за развој. Со воведување на Бас рапид транзит системот, скопјани од Ново лисиче до Ѓорче Петров ќе стигаат за само 35 минути. На секои 3,5 минути ќе имаат превоз на станиците кој никогаш не доцни. Ова е вистинско решавање на транспортот во Скопје и стратегија за транспорт, а не ветувањата на за нови автобуси кои нема воопшто да го сменат начинот на јавен транспорт во Скопје“, истакна Шилегов.

„Трето, Скопје за само четири години го намали загадувањето од просечни 71 микрограм на метар кубен на 40 микрограми. Ова е резултат на јасната и ефикасна стратегија на градот за борба со овој проблем. Во следните четири години стратегијата која функционираше нема да ја менуваме туку ќе ја унапредиме но и дополнително ќе ги завршиме стратешките инвестиции во затоплувањето. Во следните 4 години издвојуваме 4 милиони евра за клими инвертери и замена на стари нееколошки печки кои сè уште ги имаме. За само четири години изгасивме 8000 оџаци токму преку ваквите субвенции и со овие мерки продолжуваме бидејќи дадоа видлив резултат. Ќе субвенционираме 30.000 велосипеди во следните 4 години бидејќи граѓаните ги менуваат навиките и почнуваат да користат еколошки транспорт. Со изградените преку 115 км велопатеки, скопјани може да се движат безбедно и брзо со алтернативен транспорт. Ако на ова го додадеме и еколошкиот јавен превоз, за четири години Скопје ќе биде еколошки, чист и зелен град“, потенцира Шилегов.

„До 2022 Скопје конечно ќе добие нов, квалитетно подготвен ГУП кој веќе се работи. Скопје изминатите десет години беше жртва н ГУП-от донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и сега тоа мора да го поправиме. Со новиот ГУП, ја селиме тешката индустрија надвор од градот, долг и тежок процес кој мора да го започне. Со новиот ГУП го урбанизираме северниот дел на Скопје и целосно го селиме градежниот фокус надвор од центарот на градот. Ова е клучот да го растеретиме централното градско подрачје од градежен притисок и да го развиваме градот. Со квалитетно донесен ГУП на кој работат сите експерти од оваа област и со вклучување на граѓаните во неговото носење, Скопје во следните десет години загарантирано квалитетно ќе се развива со фокус на заштита на јавните површини и креирање на многу нов јавен простор, зеленило и паркови“, кажа градоначалникот Шилегов.

„Скопје е град кој се грижи за сите и кој ги поддржува граѓаните. Затоа за следните четири години подготвивме сериозен пакет финансиска поддршка за сите граѓани. Пензионерите добиваат бесплатен превоз во јавниот транспорт секој ден во неделата. Бесплатен превоз сега имаат студентите и средношколците, но сега добиваат и докторандите и постдипломците. Понатаму на младите сегашни и идни родители им нудиме сериозна финансиска поддршка. До 200 евра годишно заштедуваат семејства со едно дете кое оди во градинка бидејќи ќе го покриеме половина од трошоците за градинката ние од Град Скопје. До 150 годишно заштедува едно семејство со едно дете во основно училиште бидејќи ќе ги покриеме половина од трошоците за оброк. Семејства со две или повеќе деца во гадинка и училиште ќе имаат двојно или повеќе заштеда на годишно ниво. Ова е вистинска грижа за граѓаните“, заклучи Шилегов.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Арсовска против најавеното зголемување на минималната плата, Мицкоски очаен

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk